Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРЕСВРТ ВО ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ САД И КИНА? Неочекувана порака пристигна од Пекинг
Економија

ПРЕСВРТ ВО ТРГОВСКИТЕ ОДНОСИ МЕЃУ САД И КИНА? Неочекувана порака пристигна од Пекинг

02/05/2025

AA

Доналд Трамп со денови повторува дека неговата администрација води разговори со кинеските претставници за можен трговски договор. Сега потврдата пристигна.

Кинеското Министерство за трговија соопшти во петокот дека „моментално разгледува“ предлози од Соединетите Американски Држави за започнување трговски разговори, што претставува значајна промена во тонот и би можело да отвори врата за преговори меѓу двете најголеми економски сили во светот, објави Си-Ен-Ен.

„Соединетите Американски Држави неодамна, преку соодветните канали, испратија неколку пораки до Кина изразувајќи ја својата желба за започнување разговори. Кина моментално ги разгледува овие пораки“, изјави портпаролот на Министерството.

Соопштението укажува на омекнување на ставот на Пекинг, кој досега зазема цврста и непопустлива позиција во услови на ескалација на тензиите предизвикани од трговската војна што ја започна американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп со денови тврди дека неговата администрација води разговори со кинеските претставници за можен трговски договор – но овие тврдења редовно се отфрлани од Пекинг, објавува Index.hr.

Трамп ги зголемува царините, но Кина ги држи клучните карти

Во соопштението, Пекинг потврди дека за какви било сериозни преговори, САД ќе мора да исполнат одредени предуслови.

„Трговската војна и царинските мерки беа еднострано започнати од САД. Ако сакаат да преговараат, мора да покажат искрена намера – што вклучува исправување на грешките и повлекување на зголемувањето на царините“, се вели во соопштението.

Во прашање се огромни трговски текови меѓу двете најголеми економии во светот. Ве потсетуваме дека претходно овој месец, Трамп ги зголеми царините за кинески стоки до 145 проценти, што им го отежна извозот на многу кинески компании на американскиот пазар. Како одговор, Пекинг возврати со зголемување на царините за американски производи за до 125 проценти.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ

15/11/2026
Македонија

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат

15/11/2026
Македонија

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го

15/11/2026
Македонија

САШКО КЕДЕВ ВЛЕЗЕ ВО ГИНИСОВИТЕ РЕКОРДИ Со 63 години ги

15/11/2026
Македонија

ДВЕ ЖЕНИ СО ТЕШКИ ИЗГОРЕНИЦИ НА СЕМЕЈНА ПРОСЛАВА Повредените на

15/11/2026
Македонија

„ОСТАВЕТЕ МЕ НА МИРА ДА МОЖАМ СЛОБОДНО ДА СЕ ЛЕКУВАМ“

15/11/2026
Македонија

🎥 МИХАИЛОВА ОТКРИВА ДЕКА Е УЦЕНЕТА ОД БУГАРСКАТА ТАЈНА СЛУЖБА

14/11/2026
Македонија

БИТОЛЧАНЕЦ, ПРИЈАВЕН ДЕКА ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА СО ГОЛИ РАЦЕ, ОД

14/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46780
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД И ОСТАВЕНА НА УЛИЦА БЕЗ СВЕСТ Полицијата го уапси нејзиното момче

15/11/2026

Тешко повредена девојка била оставена во без свест на улица пред маркет во Охрид, откако, според пријавените информации, била физички

ДОАЃААТ ЈУЖНИ ВЕТРОВИ, СОНЦЕ И ПОВРЕМЕН ДОЖД Температурите ќе бидат над просекот за овој период

15/11/2026

Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет, информираат од Управата за хидрометеоролошки

ПИЈАН ПЕНЗИОНЕР ПУКАЛ ОД ПУШКА ОД СВОЈАТА КУЌА Полицијата го уапси и му го одзеде

15/11/2026

Седумдесет и двегодишен маж е уапсен откако под дејство на алкохол од својот дом во кичевското село Свињишта испукал неколку

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy