Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пресудата за Васил за случајот со Фросина Кулакова ќе биде изречена на 13 мај
Магазин

Пресудата за Васил за случајот со Фросина Кулакова ќе биде изречена на 13 мај

09/05/2025

AA

Пресудата за случајот со прегазувањето на Фросина Кулакова ќе биде објавена на 13 месецов. На судењето што почна денеска во Основниот кривичен суд Скопје, обвинетиот Васил Јованов призна вина, а адвокатот на семејството Кулакови, побара највисока казна. 

Јованов е осомничен за кривично дело „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ за сообраќајката што се случи во јануари годинава на Булеварот „Партизански одреди“ во Скопје во која животот го загуби Фросина Кулакова.

Обвинителот како докази за одмерување на видот и висината на казната пред судот ги наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда за казна затвор од три години и десет месеци и пет прекршочни постапки кои не се процесуирани за разни сообраќајни прекршоци.

Бранителот на Васил Јованов, адвокат Сашко Дуковски, пред судот побара да се отргне, како што рече, една голема невистини за сега обвинетиот Васил, дека е наркоман, нагласувајќи дека тој е спортист.

– Васил е спортист и за тоа доставувам потврда за членство во бокс клуб, освоени медали и благодарници. Доставувам и потврда од ракометната федерација дека Васил е лиценциран играч за РК Пролет 62 за сезона 2021-22 година, изјави Дуковски.

Дуковски, исто така, нагласи дека не го спорат присуството на алкохол во крвта, но дека во вештачењата нема никакво присуство на дрога. – Тоа судот може да го утврди во направените вештачења, рече Дуковски.

Како докази за висината и одмерувањето на казната,  Дуковски,  пред судот достави докази за положени испити на факултет и медали од освони медали – вицедржавен првак во бокс натпревари и доказ од Ракометната федерација дека е регистриран играч.

Пред Судот, одбраната приложи и видео со времетраење од 36 секунди, за кое адвокатот рече дека одбраната сака да го покаже пред Судот односот на обвинетиот Васил Јованов непосредно по стореното дело и неговото искрено каење извикувајќи „леле што направив” и „греота за девојчето”.

Обвинителот во завршен збор, рече дека со оглед на даденото самопризнание останува на обвинителниот акт и го повикува судот да го прогласи за виновен и казни по закон, согласно изведените докази.

Адвокатот на семејството Кулакови, во завршен збор побара највисока казна за обвинетиот, земајќи го отежнителните околности дека влегол во возило и управувал без возачка, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.

Според обвинението, на 29 јануари 2025 година, Васил Јованов, без возачка дозвола и под дејство на алкохол, управувал возило со брзина од 91 километар на час на булеварот „Партизански одреди“ во Скопје. На пешачки премин, на црвено светло, удрил во Фросина Кулакова, која поминувала на зелено светло за пешаци. Од силата на ударот, Фросина се здобила со тешки телесни повреди и починала на лице место. За делото за кое се товари Јованов е предвидена затворска казна до 20 години. 

Во меѓувреме, Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог и против таткото на Васил, Зоран Јованов, за кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинението се однесува на периодот од 04.11.2022 до 30.01.2025 година, во кој Зоран Јованов дозволувал на својот син Васил Јованов да управува патничко моторно возило „Пежо 207“, иако знаел дека синот нема возачка дозвола и е повеќекратен сторител на сообраќајни деликти вклучително и сообраќајната несреќа во која животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои се новите министри во кабинетот на Мицкоски?

13/07/2026
Македонија

Со 69 гласа: Изгласани новите министри во Владата!

13/07/2026
Македонија

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени

13/07/2026
Македонија

Јанев од Кочани: Нема да има поштедени за бегството од

13/07/2026
Македонија

Повторно врсничко насилство снимено и објавено на социјалните мрежи: Обвинителството

13/07/2026
Македонија

Голем дефект во Прилеп: Водоводна цевка ja поплави противпожарната единица

13/07/2026
Македонија

СВР Охрид и полицијата од Поградец со заеднички патроли против

13/07/2026
Македонија

Лина Ѓорческа напредуваше за 14 места на ВТА-листата по успехот

13/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои се новите министри во кабинетот на Мицкоски?

13/07/2026

На својата 112. седница, Собранието со 69 гласа „за“ ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет предводен од премиерот Христијан Мицкоски.

Со 69 гласа: Изгласани новите министри во Владата!

13/07/2026

Собранието попладнево со 69 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“, ја изгласа реконструкцијата на владиниот кабинет. Новите

Брза реакција во Велес: Изби пожар кај Автобуската станица, оштетени шест возила

13/07/2026

Брзата интервенција на велешките пожарникари спречи катастрофа откако денеска попладне избувна пожар на паркингот во близина на Автобуската станица во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy