Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Прекинат 38. Охридски пливачки маратон поради лошо време
Македонија

Прекинат 38. Охридски пливачки маратон поради лошо време

30/08/2025

AA

Поради силен ветер и високи бранови, денеска во 14:30 часот беше прекинат 38. Охридски пливачки маратон. Трката е сопрена во близина на хотел „Гранит“, соопшти главниот судија Марјан Бошалевски.

„Големото невреме проследено со високи бранови предизвика проблеми кај пливачите. Констатирана е моменталната состојба на маратонците и по сублимирање на податоците ќе биде прогласен победникот. Согласно правилата, доколку временските услови не дозволуваат, по поминати две третини од патеката трката се прекинува“, изјави Бошалевски за МИА.

Во моментот на прекинот, маратонците се наоѓаа во близина на хотел „Гранит“, борејќи се со брановите.

На маратонот учествуваа 16 пливачи – 10 во машка и 6 во женска конкуренција. Тие стартуваа утрово во 10 часот од Свети Наум, а на Охридското пристаниште требаше да пристигнат околу 16 часот, по патека долга 25 километри.

Во женска конкуренција настапија Елена Лионело (Италија), Росана Гошева (Македонија), Алисја Гедриш (Полска), Милица Љубисављевиќ (Србија), Ерика Абигал Јенсен (Аргентина) и Мајте Ајлен Пука (Аргентина). Пливачката од Турција, Еда Сајин, настапот го откажа поради повреда.

Во машка конкуренција настапија Александар Илиевски, Леонид Мишевски, Петар Цеков и Лазар Поп Трајков од Македонија, Акуилес Балаудо и Матиас Дијас Хернандес од Аргентина, Италијанците Федерико Тамборино, Марко Инглима и Матео Фурлан, како и Хуго Риберио од Португалија.

Организатор на маратонот е пливачкиот клуб „Охридски бранови 2008“. Настанот се одржува под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, Министерството за спорт, Пливачката асоцијација на Македонија и Општина Охрид.

Наградниот фонд изнесува 15.000 евра, а манифестацијата е дел од фестивалот „Ohrid Water Festival“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy