Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел
Македонија

Предложен притвор за осомничен за тешка кражба во скопски хотел

11/07/2023

AA

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор за 38-годишен скопјанец, осомничен за кривично дело – Тешка кражба според член 236 став 1 точка 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот е претходно повеќепати осудуван за истородни и други кривични дела и се наоѓал на издржување затворска казна во КПУ Затвор Прилеп, но побегнал и од 5 јули по него била распишана потерница.

Периодот додека бил на слобода го искористил да стори ново кривично дело, па на 8 јули во вечерните часови влегол во службени простории на хотел во Скопје и одзел туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвои.

Од хотелот тој успеал да украде метален сеф заклучен со шифра, а во кој имало парични средства во износ од околу 1400 евра, како и клучеви од хотелот, неколку сим картички како и пет патни исправи на гости сместени во хотелот. Вкупната вредност на одземените предмети се проценува на околу 100.000 денари.

Потоа го напуштил местото на настанот, но се вратил следниот ден и кога се приближил до службениот паркинг, му пристапиле членови на обезбедувањето на  хотелот. Осомничениот со спреј за самоодбрана ги испрскал во очите и веднаш почнал да бега, влегувајќи во такси возило. Возилото било пријавено и сопрено од полициски службеници кај Градежен факултет Скопје, по што пријавениот бил лишен од слобода.

Во конкретниот случај според јавниот обвинител постојат околности што очигледно укажуваат на опасност од бегство, па до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје тој достави предлог за определување мерка притвор.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41498
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО Порака на

15/02/2026

За нас членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслуживме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy