Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни
Економија

ПРАЗНИТЕ КЕСИ НЕ СЕ ПОЛНАТ НИТУ СО НАМАЛЕНИ ЦЕНИ: Граѓаните негодуваат, повтинувањата се минорни

27/09/2023

AA

Колку новиот бран
поевтинувања на цените на пијалоците ќе придонесе да се намалат трошоците на
граѓаните? Дали тие веќе го чувствуваат ефектот од поевтинувањето на дел од прехранбените
производи или напротив мерките имаат минорно влијание?

И покрај фактот
што Владата ги замрзна цените на 100тина производи од повеќе категории, граѓаните
велат дека со ова не се ублажуваат семејните трошоци, кои одамна ги надминаа
семејните примања.

– 
Нашето
семејство брои три члена. За родители со едно дете имаме помалку трошоци од
семејства со две деца, но сепак, платите не се доволни. Иако се забележуваат новите
цени во маркетите, сепак, ако на основните производи цените се намалени, на
оние кои не се опфатени во акцијата, цените се зголемени. Сите сме свесни дека
пред да почне ова ценовно лудило со само три илјади денари имавме преполни кеси
и храна за цела недела, со сите потреби. Денеска со три илјади денари одвај една
кеса полниме – вели триесетгодишната Јована П. од Скопје.

Таа не е
единствената која негодува околу намалувањата. И повозрасните граѓани сметаат
дека поевтинувањата се минорни, особено ако се земе предвид дека се што се
продава во маркетите има повисоки цени од претходно.

– 
Нема
производ кој не поскапе, од храната, преку пијалоците, до средствата за
домаќинство, хигиена, се што е потребно во едно домаќинство. Иако сме двајца
пензионери со една солидна и една очајна пензија, одвај ги покриваме трошоците.
Не знам како се снаоѓаат луѓе со две или една мала пензија. Овие примања одат
само на лекови, на старост, за жал најмногу се троши за лекови, па сега
поскапувањето значително ни ги влоши пресметките. Не остануваат средства да им
се помогне на децата, сите се мачиме да го истуркаме месецот – посочи нашата
соговорничка и дополни дека треба да се зголемат и платите и пензии, а особено
малите пензии кои не се доволни за преживување.

За потсетување,
Владата најави дека од денеска низ маркетите ќе поевтинат и пијалоците, меѓу
кои пивото,
водата и домашните сокови за 10 проценти. Дополнително, премиерот Димитар Ковачевски
најави дека ќе биде ограничена и профитната маржа за овошјето и зеленчукот, со
цел зачувување на животниот стандард на граѓаните. Притоа во трговијата на големо маржите
ќе изнесуваат 10 проценти, а во трговијата на мало маржите ќе бидат 15 проценти

– 
Донесовме одлука за намалување на маржата кај
овошјето и зеленчукот со што дополнително ќе се намалат цените до 30 проценти
во однос на овие производи. Мерката ќе биде објавена во Службен весник и
стапува на сила од утре. Следат мерки за намалување на увозните давачки за свеж зелечук, ориз,
лимони, портокали и мандарини, како и намалување на царинските стапки за млечни
производи со масленост над 10 проценти. Овие одлуки ќе бидат донесени и
објавени наредните денови и ќе бидат спроведени во пракса – кажа Ковачевски.

Мерки
на Владата ќе важат до 30 ноември, а за нивно евентуално продолжување ќе се одлучува
во зависност од ситуацијата.

П. О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ

24/02/2026
Македонија

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе

24/02/2026
Македонија

АРТАН ГРУБИ СИ ОТИДЕ ДОМА Судот му определи куќен притвор,

24/02/2026
Македонија

ЌЕ ДУВА ВЕТЕР СЕКОЈ ДЕН ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Следува

23/02/2026
Македонија

ВИДЕО 83-годишна кумановка преживеала напад од осомничениот сериски убиец: „Додека

23/02/2026
Македонија

ЗОШТО ВРХУШКАТА НА СДСМ СЕ РАСПРАШУВАШЕ ШТО КАЖАЛ ГРУБИ ВО

23/02/2026
Македонија

ЈСП воведува онлајн надополнување на картичките за превоз

23/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41838
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВО СДСМ СЕ НЕРВОЗНИ ЗАТОА ШТО ГРУБИ МОЖЕ ДА СВЕДОЧИ ПРОТИВ НИВ Тој е симбол

24/02/2026

Добро е што конечно правдата ќе биде задоволена со тоа што Артан Груби е приведен утрово на граничниот премин, тука

НИЕДНА ЗЕМЈА НЕМА БЕСКОНЕЧНО ДА ЧУВА БЕГАЛЕЦ КОЈ Е НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД Груби

24/02/2026

Во Собранието на Македонија немало никаква информација за предавањето на осомничениот бегалец Артан Груби од ДУИ, поранешен вицепремиер, осомничен за

АРТАН ГРУБИ ЌЕ ОДИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР Според Обвинителството, ќе бил небезбеден во затворот во

24/02/2026

Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор, откако одбраната побара ваква мерка, а Обвинителството се согласи со предлогот. Според

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy