Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

AA

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Воскресението Христово е празник што ги спојува верата и традицијата, негувана од памтивек, а почнува на Величетврток уште пред изгрејсонце, кога домаќинките ги бојадисуваат првите црвени велигденски јајца. Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли – Христови ученици и нивните наследници. За тоа ни сведочи Светото предание. Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав: Христос воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина воскресе! Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во воскресението. Оваа практика и до ден-денес е запазена во Светото послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат сè до Христовото вознесение, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а водено ја симболизира и Христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето нè потсетува на крвта Христова и спасението.

Според хронологијата на Христовите настани забележани во Евангелието, се знае дека на Величетврток, Господ Исус Христос на Тајната вечера ја востановил Светата тајна причест (Евхаристија), земајќи ги за основа лебот и црвеното вино, кои се претвораат во Христовото тело и крв. Оваа света тајна – Евхаристија е дадена за спасение на луѓето, а за основа ја има Христовата крв. Затоа црвената боја, симболизирајќи ја Христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Величетврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Величетврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Според Светото предание, се смета дека Марија Магдалена, една од жените мироносци прва го започнала овој обичај за велигденските црвени јајца. Се вели дека Марија Магдалена наскоро по Христовото вознесение (Спасовден) го напуштила Ерусалим и тргнала по светот да го проповеда Евангелието. Во Рим таа побарала да појде и кај римскиот император Тивериј, со цел да му раскаже на царот за Господ Исус Христос. На средбата, таа на царот најнапред му подарила едно црвено јајце и го поздравила со зборовите Христос воскресе. Потоа му раскажала за сè што учел Христос, за неговите добри дела и чуда што ги правел на луѓето. Следејќи го нејзиниот пример, првите христијани започнале да си подаруваат црвени јајца на празникот Велигден и притоа да се поздравуваат Христос воскресе – вистина воскресе!

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42394
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026

Цените во угостителскиот сектор продолжуваат постепено да растат, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика, што укажува на континуиран

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот нека нè просвети, порачува г.г.

12/04/2026

„Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy