Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Правните застапници на семејствата на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството
Македонија

Правните застапници на семејствата на Вања и Панче се изјаснија дека во целост ги прифаќаат завршните зборови на Обвинителството

11/06/2025

AA

По изнесените завршни зборови на Основното јавно обвинителство на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, правните застапници на семејствата на жртвите изјавија дека целосно го поддржуваат обвинението, се приклучуваат кон кривичниот прогон и поднесуваат имотно-правни побарувања.

Полномошникот на мајката и сестрата на Вања Ѓорчевска поднесе писмено барање за отштета за нанесена нематеријална штета, укажувајќи на тешките психички последици и ненадоместливата загуба. Во барањето се нагласува дека отштетата треба да се исплати солидарно од страна на обвинетите, со цел да се избегне нова траума преку водење граѓанска постапка.

Адвокатката на мајката Зорица и сестрата Миња побара од Судот да пренесе лично обраќање од мајката, но тоа не беше дозволено во целост. Во писменото обраќање, мајката Зорица истакнува:

„Не се обраќам само како мајка, туку како човек кој живее со најтешката болка. Ја убиле безмилосно, на најбрутален начин. Детето мое. Вакви работи мислев дека не се случуваат кај нас. Но се случи. И не смее да се повтори. Ниту еден родител не заслужува ваков пекол.“

На рочиштето присуствуваа и двете ќерки на Панче Жежовски, Македонка и Ана, кои исто така се приклучија кон обвинението и побараа имотно-правно обештетување.

Обвинителството во завршните зборови побара максимална казна – доживотен затвор – за четворицата обвинети: Љупчо Палевски, Влатко Кешишев, Боре Видевски и Велибор Манев. За обвинетиот Александар Ѓорчевски, татко на Вања, обвинителката побара соодветна затворска казна.

„Нема потешка казна од загуба на дете и живот со таа совест. Не тврдиме дека сакал да ѝ го одземат животот, но учествувал во киднапирањето на сопствената ќерка. Бараме судот да одреди соодветна казна,“ рече обвинителката.

Судењето продолжува со очекување на конечната одлука на Судот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy