Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПРАВАТ ТОРТИ ПО НАРАЧКА И ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ ПАУШАЛ: Што велат овие луѓе за најавата за оданочување?
Економија

ПРАВАТ ТОРТИ ПО НАРАЧКА И ЌЕ ТРЕБА ДА ПЛАЌААТ ПАУШАЛ: Што велат овие луѓе за најавата за оданочување?

05/08/2024

AA

И луѓето
кои прават торти по нарачка и оние кои продаваат преку Фејсбук ќе мора да плаќаат данок. Ова властите го најавија пред неколку дена.
Граѓаните кои продаваат торти по нарачка се со различни ставови по ова прашање.
Некои велат дека ова ќе ги демотивира и ќе ги натера да се откажат од работата, а
други дека треба да се плаќа, но државата да биде праведна кон сите и да собира
даноци во сите општини во државата неселективно.  Сепак, нашите соговорници велат дека
правањето торти, колачи, пити по нарачка за нив е само извор на дополнителни
приходи, а работа нема постојано.

„Не е во ред тоа.
Може во месецот да нема работа. Ние работиме, но тоа е повремено. Ако не побара
некој, тогаш работиме и тоа се ситни пари. Ако нè оданочат,  тоа што го заработуваме, ќе го немаме. Ако
треба да платам данок, ќе се откажам. Ова е дополнителен приход, инаку како ќе
се ослониме на оваа работа за егзистенција? Кога се годишните одмори, нема
работа, за Стара нова година година, за Божиќ, за слави, ако заработиме од пити,
колачи и толку. Во лето сите мислат на одмор, а не на баклава. Не се знае како
ќе тече работата. Инаку, да има поголем профит и постојано да има работа, ние
самите ќе размислуваме за отворање на фирми“, вели индивидуалец од Скопје кој
продава пити и баклава по нарачка.

Дел од луѓето кои
онлајн нуделе вакви услуги, ги контактиравме, но рекоа дека веќе се откажале од
работата. Некои со години подготвуваат торти по нарачка, а некои се обиделе само неколку месеци и се откажале. 
Други пак велат дека ако државата ги оданочи, муштерии ќе бараат преку
лични контакти, а не по пат на социјалните мрежи.

„Тогаш никој нема
да прави ништо или ќе внимаваат да не се видливи на социјалните мрежи. Сите ќе
се повлечат во тој случај.  Јас имам круг
на муштерии и мене социјалните мрежи не ми требаат. Некогаш има, некогаш нема
работа. Некој денес ќе заработи 300, 400, 500 денари и да бидеме оданочени, не
е во ред. Летно време нема толку работа. Работа има околу Нова година и Божиќ.
И треба да сме квалитетни. Треба да им се помогне на граѓаните со субвенции.
Зошто државата да не ми помогне ако јас живеам на село? Нека има работа за
сите. Има и луѓе што се откажуваат, затоа што продуктите поскапеа и со достава
на купувачите им се чини скапо“, објаснува Анита, која продава пити по пат на
интернет.

Самата идеја за
оданочување на луѓето кои прават торти по нарачка отвора многу прашања за оние
кои се занимаваат со оваа дејност. Се сомневаат дека институциите ќе можат да
ги лоцираат лицата.

„Секако дека тоа
ќе ги демотивира луѓето. Тоа е дополнителен приход, не велам дека не треба да
се плаќа, ама прашање е колку. Ако некој затајува голема сума, која е логиката
да се оданочи продавањето торти по нарачка? Ако се воведува таков данок, треба да
важи за сите. Јас сум за тоа да се плаќа данок, ама секаде и сите да бидат
опфатени и да не биде тоа селективно, односно државата да не биде за некого
мајка, а за некого маќеа. За секоја работа треба човек да се насочи, да се
посвети, да работи професионално, па така и со тортите, нови рецепци, нови идеи
и ако тоа го стори, секако дека ќе има ефект“, вели Силвана од Скопје која продавала торти по
нарачка.

Илјадници граѓани преку препродажба на производи на Фејсбук,
Инстаграм и други социјални мрежи заработуваат за живот или генерираат дополнителен приход на
својот месечен буџет, а има и стотици други кои прават торти, колачи, декорации
за да заработат.

Но, наскоро сите овие граѓани ќе
мора да влезат во даночниот систем и да плаќаат одреден вид на данок, потврди директорката на Управата за јавни приходи(УЈП),
Елена Петрова.

Таа кажа дека за
овие дејности има законски начин на оданочување, односно т.н паушално
оданочување на дејности од времен карактер. Но, како што објасни, очигледно затаиле некои
механизми штом има толку многу неоданочени даночни обврзници. Петрова рече дека прво ќе се оди кон информирање
на даночните обврзници и нивните обврски. Паушалот ќе биде различен, ќе се
прават пресметки, во зависност од местото каде што се врши дејноста, бројот на
часови, односно сразмерно на приходите што може да се остварат од вршењето на
дејноста.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија

19/06/2026
Македонија

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица

19/06/2026
Македонија

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов

19/06/2026
Македонија

Македонец се заразил со зика вирус на Малдиви

19/06/2026
Македонија

ВИДЕО Пожар на дива депонија во Долно Лисиче, пожарникарите на

19/06/2026
Македонија

Обвинителството бара 30 дена притвор за осомничениот за пожарот пред

19/06/2026
Македонија

Кривична пријава за злоупотреба на службената положба против две службенички

19/06/2026
Македонија

ОЈО поднесе обвинение против серискиот убиец од Старо Нагоричане

19/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43835
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 лица во бегство по аферата во ФФМ, тројца завршија во притвор, а 5 во

19/06/2026

Иако Основниот кривичен суд Скопје експресно ги одреди мерките за притвор на приведените во мега-скандалот во ФФМ, главниот предизвик за

Десет пријави за семејно насилство за едно деноноќие, шест лица приведени

19/06/2026

Во изминатото деноноќие полицијата регистрирала вкупно десет случаи на семејно насилство на подрачјата на Скопје, Кочани, Штип, Делчево, Велес и

HELLENiQ ENERGY и Chevron го прошируваат стратешкото партнерство со нов договор за истражување во Јонското

19/06/2026

Групациите HELLENiQ ENERGY и Chevron потпишаа нов договор за заедничко истражување на јаглеводороди во рамки на постојната концесија за Блокот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy