Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЗНАТАТА ФИНСКА КОМПАНИЈА АЛМА КАРИЕР ЦЕЛОСНО ГО КУПУВА ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ – со сајтот ќе продолжат да раководат македонските менаџери
Економија

ПОЗНАТАТА ФИНСКА КОМПАНИЈА АЛМА КАРИЕР ЦЕЛОСНО ГО КУПУВА ВРАБОТУВАЊЕ.КОМ – со сајтот ќе продолжат да раководат македонските менаџери

25/07/2023

AA

Познатата финска компанија
Алма Кариер дефинитивно станува доминантен сопственик на македонската фирма
Вработување онлајн, која, пак, го поседува сајтот Вработување.ком, еден од
најпознатите огласувачи на работни места во земјава.

Оваа информација за Фактор
ја потврдија и од самата компанија Вработување онлајн, од каде велат дека веќе
го добиле Одобрението од Комисијата за заштита на конкуренцијата, кое беше
потребно како финален чекор за да може да се реализира конечната зделка.

Откако оваа потврда односно
одобрение од Комисијата за заштита на конкуренцијата и официјално е добиено,
сега веќе дефинитивно може да се реализира трансакцијата со која познатата
финска компанија Алма Кериер ќе го докупи делот од 70 отсто од акциите во
Вработување онлајн, од македонските сопственици на оваа наша усшешна фирма.

Со тоа всушност Алма Кариер
ќе стане целосен односно стоотстотен сопственик на македонската Вработување
онлајн.

А, за информација,
Вработување онлајн на македонскиот пазар успешно работи веќе 20 години, од сега
далечната 2003 година, а пред пет години, во 2017 година, финската компанија
купи 30 отсто од македонскиот огласувач на работни места, со тоа што купувањето
тогаш се реализираше преку Хрватски мој посао, хрватски портал кој е всушност
најпознатата и најсилната компанија за барање работни места во Хрватска.

А оваа хрватска компанија
која е дел од Групацијата на Алма Кариер, веќе е сто отсто сопственик
и на порталот за огласување Мој Посао во Босна и Херцеговина, како и на
Дјелогласник во Словенија, додека, пак, на српскиот пазар, Алма Кариер е
сопственик на 30 проценти од Инфостуд, огромен систем кој опфаќа многу држави и
ги поседува водечките портали за барање работа. Оваа мрежа поседува и некои
други сајтови за различна проблематика, како што се за автомобилизам, за
недвижности и слично, но доминантна дејност и се сајтовите за огласување на
работни места.

Инаку, согласно законските
прописи, откако одобрението го даде Комисијата за заштита на конкуренцијата,
сега треба уште да се дозавршат технички работи, во смисла потпишување на
нотар, како и запишување на акциите во Централниот регистар, процес кој би
требало да трае околу еден месец, по што дефинтивно зделката ќе биде
реализирана.

Она што е битно да се
истакне е дека иако Онлајн вработување добива целосно фински сопственик, на нивно
барање, со компанијата ќе продолжи да управува досегашниот македонски
менаџерски тим. Всушност, овој тим и досега ја водеше фирмата и покажа многу
солидни резултати во работењето, што беше причина од Алма Кариер да одлучат со
досегашните менаџери да склучат повеќегодишни менаџерски договори, со што тие остануваат и натаму да раководат со компанијата.

Треба да се напомене и дека со
оваа купопродажна зделка, всушност, Македонија влегува во семејството на
европски држави кои ја поседуваат најсовремената технологија, која ќе стане
достапна и за македонските граѓани.

Всушност, нашите граѓани и
сега имаат пристап до податоците кои ги обезбедува Регионалниот саем за
вработување, кој се одржува секоја година. Засега во него учествуваат пет
држави, односно Македонија, Србија, Хрватска, Словенија, како и Босна и
Херцеговина, а се очекува од следната година уште неколку нови држави да се вклучат
во регионалниот саем.

Инаку,
Вработување.ком денес се наоѓа помеѓу 15 најпосетени веб
страници во земјата, со повеќе од 500.000 уникатни посетители месечно. Околу 30.000 клиенти имаат објави на свои огласи на овој сајт.

За Алма Кариер,
пак, треба да се наведе дека е друштво регистрирано во Финска, кое е дел од Алма Медиа
Групацијата. Групацијата Алма Медиа e меѓународна групација која обезбедува
дигитални и медиумски услуги. Во матичната држава Финска, деловните активности
на Групацијата вклучуваат маркетплејс онлајн платформи за домување и возила,
финансиски и професионални медиуми, медиуми за широки спектари на клиенти, како
и содржини и услуги поврзани со податоци наменети за професионалци и деловни
потфати.

Во Источна и Централна Европа, Шведска и во Балтичките држави,
Алма Медиа спроведува деловни активности поврзани со услуги од областа на
вработувањето и онлајн маркетплејс за комерцијални објекти. Алма Медиа
Групацијата е присутна во 11 држави во Европа и вработува над 1.700 лица.
Акциите на Алма Медиа котираат на берзата НАСДАК во Хелсинки.

Деловните активности на Алма Кариер опфаќаат консултантски услуги
од областа на регрутирањето вработени, услуги за објава на слободни работни
места, следење на апликации за работа, брендирање на работодавачи, технолошки
системи и услуги од областа на работните односи, активности поврзани со саеми
за вработување, едукативни системи и услуги, како и услуги поврзани со
ангажирање на вработени.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и

15/02/2026
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41499
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

🎥 НАЈТЕШКА Е СОСТОЈБАТА ВО КИЧЕВО Евакуирани се стари и изнемоштени лица

15/02/2026

Обилните врнежи предизвикаа сериозни проблеми во повеќе делови низ земјата, а екипите на општините, противпожарните служби и институциите за заштита

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy