Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЗНАТА ПО БРЕНДОВИТЕ HAPPY DAY, BRAVO, RAUCH ICE TEA, СЕГА ЈА КУПУВА И МАКЕДОНСКАТА ВИТА-РЕС: Која е австриската компанија која работи на три стратешки бизнис полиња?
Економија

ПОЗНАТА ПО БРЕНДОВИТЕ HAPPY DAY, BRAVO, RAUCH ICE TEA, СЕГА ЈА КУПУВА И МАКЕДОНСКАТА ВИТА-РЕС: Која е австриската компанија која работи на три стратешки бизнис полиња?

05/08/2024

AA

Една од
најуспешните европски компании за производство на сокови, австрискиот гигант „Раух“
(Rauch Fruchtsafte GMBH), сака да
стекне самостојна контрола врз македонската компанија „Вита-рес“, соопшти Комисијата за заштита конкуренцијата.

-На 25.07.2024
година, до Комисијата за заштита на конкуренцијата е доставено известување за
концентрација со која РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ ГМБХ, со седиште на ЛАНГГАССЕ 1, 6830 Ранквеил, Република Австрија, има
намера да стекне самостојна контрола над Друштво за производство трговија и
услуги ВИТА РЕС ДОО УВОЗ-ИЗВОЗ РЕСЕН.

Во целина, Групацијата на претпријатија РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ
зазема три стратешки бизнис полиња. Покрај производството и продажбата на Раух
брендовите од “Happy Day“ до “Bravo“, “Nativa“ и “Rauch IceTea“, Раух е
етаблиран и во B2B сегментот. Во рамките на оваа гранка, компанијата Раух ја
има улогата на производител и продажна компанија за интернационалните купувачи
на овошни концентрати и полу-производи. Третото поле се однесува полнењата по
лиценца. Како добавувач на услуги, Раух полни за други производители на
пијалаци со својата екпертиза и врвни системи и линии за полнење на лименки,
ПЕТ (пластика), картонски (пр. Тетра Пак) и стаклени шишиња. РАУХ ФРУЦХТСАФТЕ
моментално има контрола над повеќе друштва што може да се утврди од ВИТА РЕС,
директно е активен во сектор за преработка на овошје и производство на
производи добиени од обработката на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и
овошни смрзнати коцки).

Вита Рес нема контрола во други друштва, но оваа македоска компанија
пласира производи на пазарот во Европа и секако во нашата земја.
Активностите на компанијата се
во сектор за преработка на овошје и производство на производите добиени од
обработката на овошјето и зеленчукот (овошни концентрати, овошно пире и овошни
смрзнати коцки) се наоѓаат во Република Северна Македонија.

Вкупен приход на ВИТА РЕС остварен во Северна Македонија е
поврзан во главно со продажба на полу-готови производи добиени од обработката
на овошјето (овошни концентрати, овошно пире и овошни смрзнати коцки).

-Подносителот
на известувањето, предлага, како релевантен пазар за оценка на предметната
концентрцаиј да се дефинира пазарот за преработка на овошје и производство на
полу-готови производи од овошје (овошни концентрати, овошно пире и овошни
смрзнати коцки). Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека
предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита
на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.
Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и
мислења за оваа концентрација до Комисијата. 

А. Б.

фото: YouTube/Print Screen

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026
Македонија

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана

11/08/2026
Македонија

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може

11/08/2026
Македонија

Почна исплатата на К-15: Работниците годинава ќе добијат 20.000 денари,

11/08/2026
Македонија

На денешен ден во 1992 година беа усвоени првото државно

11/08/2026
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44956
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цело МВР без здравствено осигурување

11/08/2026

Од вчера сите вработени во Министерството за внатрешни работи (МВР) и припадници на полицијата се соочуваат со прекин на здравственото

ПРИВЕДЕН ВЕЛЕШАНЕЦ ВО ОХРИД: 21-годишна Швеѓанка пријавила дека била силувана во ноќен клуб

11/08/2026

Полициски службеници од СВР Охрид вчера (10 август) во 18:30 часот го лишиле од слобода 33-годишниот К.С. од Велес, поради

Ахмети најавува повлекување од политиката, но порачува: „Македонија не може без Албанците“

11/08/2026

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, во интервју за РТВ21 отвори можност за свое повлекување од политичката

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy