Пожар во кумановскиот суд, изгорела архивата – колкава е штетата не се знае
Регионалниот ЦУК Куманово извести дека пожарникарите од ТППЕ Кумнаво од 01:35 часот интервенира на опожарени подрумски простории во зградата на Основен суд во Куманово, каде што се наоѓа архива на Судот.
Во гаснењето на пожарот интервенирале 7 пожарникари со 2 ПП возила. Пожарот е локализиран, но една екипа од ТППЕ Куманово се уште е на терен, велат од ЦУК.