ПОВТОРНО СЕ ПОВЛЕКУВА ПРОИЗВОД НА „PEPCO“ ВО СРБИЈА – производот е наменет за деца, постои опасност од гушење
Пакет од два производи наменет за девојчиња од компанијата PEPCO се повлекува од српскиот пазар, објавено е на сајтот на НЕПРО.
Како што пренесуваат српските медиуми, се повлекуваат конкретни производи со сериските броеви: SKU 597227, број на лота ORD00974450_01, ORD00974451_01, ORD00974452_01 и ORD00974453_01, наводно поради опасност од гушење.
Наведено е дека на овие производи, малите делови (метални сврзувачки елементи) лесно може да се откачат од производот, па детето може да ги стави во устата и да се задави.
На веб-страницата на Пепко, моментално нема информации за отповикување на производот и можност за рефундирање.
Фото: Принтскрин/Твитер