Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Повеќе од две години 15 милиони евра чекаат за модернизирање на терминалот на охридскиот аеродром
Економија

Повеќе од две години 15 милиони евра чекаат за модернизирање на терминалот на охридскиот аеродром

10/08/2023

AA

Сума од 15 милиони евра за реконструирање на двата македонски аеродроми се уште не е потрошена по повеќе од две и пол години од донесувањето на ТАВ-програмата. Последната одлука на Владата донесена минатиот месец е овие 904 милиони денари да ги контролира акционерското друштво во државна сопственост „Аеродроми на РСМ“ и да послужат за модернизација и проширување на терминалната зграда само на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“.

Во 2020, кога беше донесена ТАВ-програмата во вредност од 50 милиони евра наменети за десетици локални проекти, беше одлучено сума од 15 милиони евра да биде искористена за обновување на терминалите на скопскиот и охридскиот аеродром, а проектот да го надгледува Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор.

– Во меѓувреме беше заклучено дека нема потреба од овие пари да се инвестира во скопскиот терминал и сите средства да се пренасочат во охридскиот, како и тоа дека тука надлежност има АД Аеродроми, а на АДСДП, изјави Трајче Ангеловски, директорот на „Аеродроми на РСМ“.

Првиот човек на државното акционерско претпријатие, под чија надлежност се двата аеродроми, вели дека со овие 15 милиони евра самиот ТАВ Македонија како концесионер ќе објавува повик за изведувачи.

– Тие имаат свој оператор ТАВ Констракшн кој ќе биде задолжен за тоа, а ние ќе треба да спроведеме повик за надзорот на изградбата, како и да се погрижиме за самата урбанизација, бидејќи ќе има проширување за околу 1.000 метри квадратни. Парите за надзорот ќе бидат предвидени во планот за 2024, но бидејќи обично трошоците за негово ангажирање се околу 3-4 отсто од целата инвестиција, ние ќе побараме од ТАВ Македонија да ни помогне со донација, затоа што нашето друштво нема толкав годишен буџет за да може тоа да го покрие, тврди Ангеловски.

На крајот од 2020 беа објавени проектите со точните суми на пари чија изградба ќе треба да биде финансирана од 50-те милиони евра на ТАВ Македонија во договорот за пренамена на средствата што требаше да се потрошат за карго аеродромот во Штип, инаку обврска која операторот ја превзеде со добивањето на концесијата над аеродормите.

„Средствата од Проектот со архивски бр.02-11927/98 од 11.12.2020 година под назив Инвестиција во подобрување на Терминал на Аеродром Скопје и Инвестиција во модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид од Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката – Скопје со вкупна проектирана вредност 904.050.000,00 денари се пренаменуваат за Проектот со архивски бр.09-7070/1 од 18.7.2023 година под назив Модернизација и проширување на Терминал на Аеродром Охрид од Акционерското друштво за аеродромски услуги АЕРОДРОМИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА со вкупна проектирана вредност 904.050.000,00 денари согласно поднесено барање и проектна документација“, објавено е во владината одлука.

Од ТАВ-програмата неискористени остануваат уште 16,4 милиони евра, според одлуката на Владата донесена на 25 јули, а која треба да се примени од 1 август.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката

15/02/2026
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41498
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПИЈАН МАЖ СО НОЖ ЈА НАПАДНАЛ 17-ГОДИШНАТА ДЕВОЈКА Во струшката болница ѝ констатирале телесни повреди

15/02/2026

Пијан скопјанец ја нападнал со нож неговата 17-годишна девојка со која живеел во вонбрачна заедница. Таа била пренесена во Општа

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО Порака на

15/02/2026

За нас членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслуживме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy