Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ ОТКОЛКУ ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА: успева планот на Европската унија
Економија

ПОВЕЌЕ ЕНЕРГИЈА ОД ВЕТЕР И СОНЦЕ ОТКОЛКУ ОД ФОСИЛНИ ГОРИВА: успева планот на Европската унија

31/07/2024

AA

Во првата половина од годината, за прв пат, 13 земји од Европската унија успеаја да произведат повеќе електрична енергија со помош на ветер и сонце отколку од јаглен, нафта и гас.

Ветерните електрани и соларните инсталации за првпат ги надминаа фосилните горива во производството на електрична енергија во Европската унија, се вели во извештајот на организацијата Ember за првите шест месеци од 2024 година.

На крајот на првата половина од годината, уделот на турбините на ветер и соларните панели во производството на електрична енергија во ЕУ беше 30 отсто, или 385,6 терават-часови (TWh), додека 343,5 TWh беа добиени од фосилни горива.

Во првата половина од годината, 13 земји од Европската унија за прв пат успеаја да произведат повеќе електрична енергија со помош на ветер и Сонце отколку од јаглен, нафта и гас, меѓу нив Германија, Белгија, Холандија и Унгарија.

Намален удел на фосилни горива

Според извештајот, електраните во Европската унија согорувале 24 отсто помалку јаглен и 14 отсто помалку гас во споредба со првата половина на 2023 година.

Уделот на фосилните горива во производството на електрична енергија истовремено е намален од 33 на 27 проценти.

Обемот на произведена електрична енергија во европските хидроцентрали е зголемен за 21 отсто во однос на лани.

Сите обновливи извори, односно енергијата на ветерот, сончевата енергија и хидроенергијата, сега сочинуваат 50 отсто од вкупното снабдување со електрична енергија на ЕУ, пренесува „Алџезеира“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026
Македонија

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026
Македонија

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026
Македонија

Повикал Итна помош за мајка му, па им се заканувал

15/08/2026
Македонија

Скопјанка измамена за околу 200.000 денари со понуда за каско

15/08/2026
Македонија

Земал 200 евра за наводно лекување на ќерка му, па

15/08/2026
Македонија

Четворица приведени во Шуто Оризари: Насилно ѝ дале марихуана на

15/08/2026
Македонија

Во понеделник почесна стрелба за Денот на Армијата

15/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45037
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Во септември покачување на пензиите

16/08/2026

Пензионерите во Македонија во септември ги очекува ново зголемување на пензиите, кое овојпат треба да биде процентуално и да зависи

Три нови случаи на западнонилска треска, прв регистриран во Арачиново

15/08/2026

Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што вкупниот број се искачи на 34, соопштија од Центарот за

Земјотрес попладнево во Македонија

15/08/2026

Земјотрес со јачина од 2,8 степени според Рихтеровата скала попладнево е регистриран во западниот дел на Македонија, во поширокиот регион

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy