Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МФ и Економскиот факултет од Скопје – Заеднички чекор кон унапредување на знаењето во јавните финансии
Економија

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу МФ и Економскиот факултет од Скопје – Заеднички чекор кон унапредување на знаењето во јавните финансии

06/03/2025

AA

Министерството за финансии и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ преку Меморандум за соработка ќе ги унапредуваат меѓусебните односи и ќе поттикнуваат стручната размена и зајакнување на капацитетите во областите од заеднички интерес. Меморандумот за соработка денеска го потпишаа министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска и деканот на Економскиот факултет Предраг Трпески.

Министерката за финансии потенцира дека преку Меморандумот за соработка Министерството за финансии ќе добие огромна помош од професорите кои се врвни експерти во областа на економијата.

„Меморандумот ќе помогне во нашата работа во периодот којшто следи со најразлични анализи и стручна помош. Во исто време ќе добиеме поддршка и во функционирање на Академијата за јавни финансии, која што има за цел да го зголеми нивото на квалитет и знаење на луѓето коишто се вработени во јавната администрација, но и да го подигнеме целокупното ниво на знаење во државата на едно повисоко ниво“, рече министерката за финансии.

Деканот на Економскиот факултет изрази благдарност што Mинистерството за финансии отпочна иницијатива за да се склучи овој Меморандумот за соработка помеѓу Министерството за финансии и Економскиот факултет – Скопје, при Универзитет „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје.

„Ова за нас е многу значајно бидејќи во иднина се отвора можност за една соработка, би рекол партнерство помеѓу Економскиот факултет – Скопје и Министерството за финансии, на повеќе основи, како во сферата на академските води, наши професори, наши асистенти да бидат вклучени во различни процеси во работењето на Министерството за финансии и обратно од Министерството за финансии да бидат присутни кај нас на факултет и во процесот на настава, но и давање свое мислење и сугестии во процесот на конципирање на нови наставни програми. Особено за нас е многу значајно, што Министерството за финансии ги отворара вратите за нашите студенти за тие да можат да изведуваат практична настава во секторите од МФ, поблиску да се запознаат со работата на МФ и на крајот МФ и другите министерства да може да регрутираат свои вработени од редот на студентите на Економскиот факултет-Скопје „ изјави деканот на Економскиот факултет – Скопје, проф. д-р Предраг Трпески.

Преку, Меморандумот за соработка, МФ и Економскиот факултет ќе соработуваат на спроведување истражувања и анализи, размена на стручна литература, учество во проекти и имплементација на иницијативи од заемен интерес. Покрај тоа, Меморандумотќе овозможи организирање состаноци, работилници, конференции, семинари и обуки со цел континуирано усовршување на кадрите, а посебен акцент ќе се стави на вклучувањето на наставниот кадар од Економскиот факултет како предавачи во обуките организирани од Академијата за јавни финансии, како и нивно инкорпорирање во базата на експерти на Академијата.

Со Меморандумот, исто така, ќе се овозможи експертите од Министерството за финансии да дадат придонес во развојот и унапредувањето на студиските програми на Економскиот факултет, како и во наставниот процес.Дополнително, ќе се овозможат услови за професионален развој на вработените во Министерството преку програмите за обука и стручно усовршување на Економскиот факултет, како и можности за студентите да стекнат практично искуство во Министерството за финансии.

Министерката за финансии денеска на Економскиот факултет пред студентите одржа предавање на тема Локални финансии, посочувајќи го значењето на управувањето со финансиите на локално ниво од страна на локалните самоуправи и мерките што се преземаат за зајакнување на нивните капацитети со цел ефикасно управување со парите на граѓаните на локално ниво и пружање квалитетни услуги за граѓаните.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД

14/11/2026
Македонија

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА

14/11/2026
Македонија

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО

14/11/2026
Македонија

РЕФОРМСКАТА АГЕНДА ЌЕ БИДЕ ЗАВРШЕНА ДО ДЕКЕМВРИ Мицкоски очекува клучните

14/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ОД КРИВА ПАЛАНКА ГО ОБИКОЛЕИЈА СВЕТОТ Медиумите објавија видеа

14/11/2026
Македонија

ДА СЕ ПРИФАТИ ДОГОВОРОТ И ДА НЕМА ДРУГИ БАРАЊА Францускиот

14/11/2026
Македонија

„СДСМ Е НАБЉУДУВАЧ, А СВАТОТ НА АЛИ АХМЕТИ E АКЦИОНЕР“

14/11/2026
Македонија

СОНЦЕ, ДОЖД И ЗАСИЛЕН СЕВЕРЕН ВЕТЕР Променливото време ќе трае

13/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46771
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕГА Е МОМЕНТ ДА ГИ БАРАМЕ АРХИВИТЕ НА УДБА ОД СРБИЈА! Павле Трајанов смета дека

14/11/2026

Националниот координатор за борба против тероризмот Павле Трајанов, по промената на власта во соседна Србија, гледа можност за повторно иницирање

ПОВЕЌЕ ОД 30 ЧЛЕНОВИ НА СДСМ ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ ПРЕМИНАА ВО ДВИЖЕЊЕТО ЗНАМ Губењето на

14/11/2026

Повеќе од 30 членови на ОО СДСМ – Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За

ТИНЕЈЏЕР СО ГАСЕН ПОШТОЛ СЕ ШЕТАЛ ВО УЧИЛИШТЕ ВО ТЕТОВО Полицијата го приведе пред родителот

14/11/2026

Петнаесетгодишник од Тетово е уапсен откако при преглед од стана на полицијата кај него е пронајден пиштол и рамка. Како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy