Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Потпишан договорот за изградба на заеднички тунел меѓу Македонија и Бугарија – нов чекор кон европско поврзување
Македонија

Потпишан договорот за изградба на заеднички тунел меѓу Македонија и Бугарија – нов чекор кон европско поврзување

06/11/2025

AA

Железничкиот Коридор 8 е еден од најважните трансевропски транспортни коридори, кој има стратешко, економско и геополитичко значење за целиот Балкан и за цела Европа. Овој Договор за изградба на заедничкиот тунел е сон на многу генерации, историјата сакаше јас и вицепремиерот Караџов да го потпишеме, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, на потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8, што се случи на железничката станица во Ѓуешево.

Вицепремиерот Николоски потенцираше дека ова е многу значаен коридор за Македонија бидејќи ја поврзува земјата со две мориња и има огромно влијание врз зголемување на конкурентност на домашната економија. Во исто време овој коридор има и огромно безбедносно значење за НАТО Алијансата, рече вицепремиерот Николоски.

„Овој Договор е сон на генерации од двете страни на границата, нешто за што сме читале, нешто за што сме учеле, а тоа дека двете држави, двата главни градови треба да се поврзат со железничка врска. Ние сме силно посветени на неговата изградба и модернизација. Ќе работиме многу сериозно, ќе работиме многу посветено и се надевам дека и за брзо време ќе ги видиме резултатите. Јас не сакам да давам ветувања, но она што можам да го ветам е напорна работа и посветеност. Ова е коридор и од безбедносно значење, во услови кога во 21 век се случува нешто што не можевме да го замислиме, имаме војна недалеку воздушно оттука, агресијата врз Украина. И затоа овој коридор е многу значаен којшто е помош на Алијансата со цел да може да помогне на Украина да ја одбрани својата сувереност и територијална целовитост“ – изјави Николоски.

Во однос на финансиската конструкција на целиот источен Коридор 8, вицепремиерот Николоски истакна дека средствата се обезбедени.

„Средствата се обезбедени. Првата фаза е завршена и ставена во функција оваа година. Втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка се работи во моментов, рокот за изградба е октомври 2026 година. Морам да кажам дека не сум задоволен од изведувачите, но со нашите партнери од ЕБРД ќе бараме заедничко решение како да го надминеме овој проблем. Третата фаза од Крива Паланка до границата се надевам дека со напорна работа со ЕИБ, ЕБРД и со ЕУ, во тек на месец декември да се распише претквалификација за избор на изведувач и избор на надзор. Во однос на финансиите, најмалку буџетот за железницата од Куманово до границата е околу 810 милиони евра, за што 200 милиони се грант од ЕУ. Од Куманово до Бељаковце чинеше 79 милиони евра, од Бељаковце до Крива Паланка треба да чини 155 милиони евра ако останеме во овој буџет. Од Крива Паланка до граница е околу 455 милиони евра и дополнително имаме 110 милиони евра за сигнализација и електрификација од Куманово до границата, со цел кога ќе се заврши цел коридор да имаме најмодерна сигнализација“, истакна вицепремиерот Николоски.

Тој најави дека во скоро време ќе го покани и вицепремиерот Караџов во Македонија на завршување на пругата од Бељаковце до Крива Паланка, како и на отпочнување на градежните работи на пругата од Крива Паланка до границата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy