
Порто падна по пенал-драма: Арсенал по 14 години пак e меѓу осумте најдобри во ЛШ (ВИДЕО)
Ова е прв пласман на „топчиите“ во четврт-финалето од елитното натпреварување по пауза од дури 14 години, до кој дојдоа со триумфот од 1-0 по 120 минути одиграни во Лондон, со оглед што тоа беше идентичен резултат од првата средба, но во полза на португалскиот тим. Стрелец на злато вредниот гол за премиерлигашот беше Трусар уште во првото полувреме, по што следуваше рововска битка, која кулминира со удари од белата точка.
Четворицата фудбалери на Арсенал беа фантастично прецизни, додека голманот Раја ги одбрани ударите на Вендел и Галено. Овој последниот значеше и предвремен крај на серијата и старт на големата прослава на трибините со оглед што последниот четвртфинален меч англискиот тим го одигра веќе далечната 2010 година.
