Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пораз на одбојкарите во Шарлоа: Белгија нѐ победи во три сета, ама ептен тесно
Спорт

Пораз на одбојкарите во Шарлоа: Белгија нѐ победи во три сета, ама ептен тесно

10/06/2023

AA

Македонската одбојкарска репрезентација загуби во три сета од Белгија на денешното гостување во Шарлоа во четвртото коло во Златната лига, во мечот во кој во три ептен тесни сета загубивме „на една топка“ со 25-27, 23-25, 24-26.

Македонија заслужи многу повеќе од пораз со 0-3 од Белгија која ја победивме во Скопје, но среќата и присебноста во клучни моменти беа на страна на противникот, кој во првиот сет после егал со два поени успеа да поведе, во вториот нијанси решаваа за да ја дуплираат предноста, а во третиот успеавме сет поен за враќање во мечот да прокоцкаме, зашто водевме со 24-22, но на крајот со четири поени по ред, Белгија стави точка на мечот.

Матијс Десмет со 21 поен и Јолан Кокс со 20 беа најдобри поединци кај Белгија, додека предводник на Македонија очекувано беше нашиот најдобар одбојкар Никола Ѓоршиев со 17 поени.

Македонија со поразот сега падна на третото место со петте бода и скор две победи и две ремија, а Белгија нѐ прескокна со шест бода, додека Украина по три меча е убедливо прва со девет бода. Украинците утре против Хрватска на гости го играат својот меч од ова коло.

Следен наш дуел е на 14 јуни во Задар против Хрватска, а последниот меч го играме на 18 јуни во Скопје против лидерот Украина.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна

15/02/2026
Македонија

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ

15/02/2026
Македонија

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА

15/02/2026
Македонија

СО КОЊСКА КОЛА ВЛЕГЛЕ ВО ФАБРИКА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Наместо

15/02/2026
Македонија

„МАКЕДОНИЈА Е ГЛАС НА РАЗУМОТ“: Мицкоски со Зеленски во Минхен

15/02/2026
Македонија

„Мобилизација во Сарај“: Првиот вицепремиер Сали и директорот Али на

15/02/2026
Македонија

„МЕРЦЕДЕСОТ“ ВРЕДИ МИЛИОН, А УВЕЗЕН ЗА 650.000 ЕВРА: Кој е

15/02/2026
Македонија

Македонија не сака да ги чепка штедачите – данокот на

15/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41497
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЗАМИНА ЛЕГЕНДАТА НА ДРАМСКИ: Почина актерката Ленче Делова на 77-годишна возраст

15/02/2026

Македонското глумиште остана посиромашно за уште едно големо име. На 77-годишна возраст почина истакнатата театарска, филмска и телевизиска актерка Ленче

🎥 ЧЛЕНСТВОТО ВО ЕУ ЗА НАС НЕ Е МИЛОСТ, ТУКУ Е ОДАМНА ЗАСЛУЖЕНО Порака на

15/02/2026

За нас членството во Европската Унија не е милост, туку нешто што одамна го заслуживме, изјави премиерот Христијан Мицкоски во

ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ

15/02/2026

Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy