Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време
Економија

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

10/12/2024

AA

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ и објавувач на голем број на потврдени и непотврдени афери на претходната власт, Димче Арсовски, станува бизнисмен со продажба на вино на познати угостителски објекти.

Гласноговорникот на владеачката партија од минатиот месец со новорегистрираната фирма „Династико“ и закупен магацински простор во подрумот на Градски трговски центар – Скопје започнува со трговија на големо со пијалоци.

– Тоа е познат бренд на вино од локални винари, кои се добри во својата работа, а јас само ќе им помогнам да се пробијат на пазарот, затоа што имам добри контакти со угостителите и хотелите. Веќе имам договорено неколку познати угостителски и туристички објекти во Скопје, но и ќе се обидам да го пробијам овој премиум бренд пошироко. Се работи за таканаречената „хорека“ продажба, што значи дека овој производ нема да биде продаван во малопродажбата, односно во маркетите. Понатаму имам планови да го проширам бизнисот и да вклучам и други брендови, како и друг тип на алкохол, вели Арсовски.

Тој вели дека истовремено е вработен во својата партија, но дека тоа не го спречува да отвори и свој бизнис како претприемач и управител на фирма. Според Арсовски, тука нема да има конфликт на улоги.

– Јас останувам во политиката и тоа за мене е приоритет. Тоа што ќе застапувам винарија не значи дека нема да бидам активен во политиката. Истовремено фигурирам како вработен во ВМРО-ДПМНЕ и во моментов со партијата ги разгледуваме можностите како најдобро би можел да помогнам во иднина, додава Арсовски.

Арсовски стана познат во јавноста во изминатите шест години со објавување во јавноста на индиции за криминал, злоупотреби, како и докази за коруптивно работење. Во последно време повеќе се посвети во организирањето на работата на партијата. 

– Ова не е активност поврзана со градежништво или фотоволтаици па да поттикне одредена сомнеж, или пак да се кријам зад друго лице. Се е јавно објавено. Ова е само еден добар гест од моја страна да помогнам некому за кој знам дека има голем потенцијал, тврди Арсовски.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во

10/08/2026
Македонија

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две

10/08/2026
Македонија

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026
Македонија

МВР: Селекцијата за полициското училиште е во тек, сите кандидати

10/08/2026
Македонија

Истрагата за загадената вода во Гостивар во напредна фаза, Финансиската

10/08/2026
Македонија

32 пакувања марихуана пронајдени во пратка за затвореник во „Идризово“

10/08/2026
Македонија

Во Драчево граѓаните во паника веднаш бараат лекарска помош по

10/08/2026
Македонија

Ѝ го украле ранецот на 67 годишна пензионерка во Центар,

10/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44951
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Вработен во Итна помош агресивно се однесувал кон вработени во здравствена установа, и им се

10/08/2026

На 09.08.2026 во 19:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 16:50 часот во здравствена установа на подрачјето на

Топлотниот бран не попушта: Ова е прогнозата за следните две недели

10/08/2026

Во следните две недели не очекува претежно сончево и исклучително топло време, со високи дневни температури кои на моменти ќе

Жители на Драчево алармираат: „Од паркингот направија депонија, страшно смрди“

10/08/2026

До редакцијата на 4NEWS.MK се обрати читател од Драчево, кој алармира за сериозен проблем со натрупување отпад на паркинг-просторот спроти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy