Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешниот директор на АНБ тврди: Немало организирано следење на политичари!
Македонија

Поранешниот директор на АНБ тврди: Немало организирано следење на политичари!

07/09/2025

AA

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски, тврди дека ниту актуелниот премиер Христијан Мицкоски додека бил во опозиција, ниту поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, ниту поранешната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Вилма Русковска биле директно таргетирани од операции на АНБ или за нив биле отварани предмети. Тоа го изјави Димовски по обвинувањата на актуелното раководство на Агенцијата за злоупотреби и следење на политичари, новинари и јавни личности.

Димовски во интервју за „360 степени“ посочи дека е можно нивните имиња да се нашле во предмети доколку се среќавале со лица што биле под опсервација поради закани за националната безбедност.

„Друго е прашањето дали политичари, од власта или опозицијата, контактирале со такви лица. Ако такви контакти се случиле, обврска на оперативците било тие контакти да ги нотираат. Но тоа не значи дека се работи за организирано оперативно работење, кое подразбира целосно следење и примена на оперативно-технички мерки како што се обвинувањата во дадениот случај,“ изјави Димовски.

Тој не одговори директно дали постоеле конкретни предмети со имињата на политичарите, само рече дека не се сеќава и смета дека немало постапка на АНБ за случајот „Делчевски ниви“. Димовски побара декласификација на спорните документи за да се утврди што точно се случувало и како јавните личности завршиле во оперативни активности на агенцијата. Тој додаде дека, спротивно на изјавите на актуелното раководство дека АНБ водела истраги и открила злоупотреби, агенцијата нема надлежност за истраги туку само да го известува обвинителството за откриените случаи.

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, пак, изјави дека секој треба да води истрага во рамки на својата служба, како што е внатрешната контрола во АНБ, и дека агенцијата постапила правилно со известувањето до обвинителството и јавноста. Тој изрази верување дека во моментов нема нелегално прислушување.

„Дали во секој систем постои можност за злоупотреба? Да. Но искрено не верувам дека денеска има незаконско прислушување на новинари, јавни функционери или лица кои не можат да се поврзат со кривично дело,“ рече Тошковски за Радио Слободна Европа.

Според досега објавеното, злоупотребите со незаконско следење се откриени преку внатрешна контрола во АНБ. Димовски тврди дека новото раководство, предводено од Бојан Христовски, ги преместило вработените од одделот за внатрешна контрола на други позиции, иако законот ги штити освен ако не го прекршиле законскиот поредок, а за тоа досега нема пријави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy