Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поранешен директор на гробиштата во Струмица противзаконски издавал дел од капелата
Магазин

Поранешен директор на гробиштата во Струмица противзаконски издавал дел од капелата

30/04/2025

AA

На 29.04.2025 СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против З.Г.(56) од Струмица, поранешен директор на јавно комунално претпријатие од Струмица поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353 и против Е.Н.(42), управител на правно лице од Струмица за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 4, а во врска со чл.22 од КЗ – „соизвршителство“.
 
Првопријавениот З.Г., извршувајќи ја функцијата директор на јавно комунално претпријатие од Струмица во текот на 2022 година, злоупотребувајќи и искористувајќи  ја својата службена положба склучил договор за период од 10 години за закуп на деловен простор лоциран во Градската капела на Градските гробишта во Струмица со пријавената Е.Н. како управител на правното лице од Струмица, со закупнина од 14.200 денари со ДДВ месечно или вкупно 170.400 денари за една година.
 
Во 2023 година пријавените З.Г. и Е.Н.  со умисла извршиле и второ временски поврзано дејствие, односно потпишале уште еден ист договор за закуп за период од 10 години и покрај тоа што претходниот договор од 2022 година бил во важност, за кое нешто од страна на Е.Н. како управител веднаш е извршена уплата за закупнина во вкупен износ од 1.704.000 денари.
 
Од горенаведеното е утврдено дека првопријавениот З.Г. во текот на 2022 година и 2023 година и овозможил на второпријавената Е.Н. како управител на правното лице од Струмица да врши дејност во објект кој согласно Законот за гробишта и погребални услуги не смеел да се издава на трети лица и со тоа дејствие истиот овозможил јавното комунално претпријатие противправно да се стекне со 1.874.400 денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy