
ПОРАКА ДО ТРАМП: Гренланѓаните бојкотираат американски производи
Гренланд почна со бојкот на американски стоки. Со овој потег сакаат да пратат порака до американските власти.
Граѓаните почнаа да бојкотираат американски производи поради најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека островот ќе биде припоен кон САД, објави денеска локалната радио станица КНР. Одбивањето на Гренланѓаните да купуваат американски производи може да стане „тивок протест“.Велат дека парите на граѓаните ќе му дадат јасна слика на Доналд Трамп.
„Мора да им дадеме до знаење на Американците дека она што американскиот претседател го зборува за нашата земја е неприфатливо“, изјави Миник Ланге, иницијатор на Фејсбук групата „Бојкотирај американски производи на Гренланд“.
Лани откако победи на избори, Трамп ја реафирмираше идејата од претходно, да го купи односно спои Гренланд. Тој сака и Канада да се спои со САД. Гренланѓаните не сакаат да бидат дел од САД.

