
ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести
Противниците на aмериканскиот претседател Доналд Трамп се подготвени за масовни протести во Соединетите Американски Држави(САД).
Oколу 1.200 демонстрации се планирани денеска во САД, а организаторите очекуваат тоа да биде најголемиот ден на протести против Трамп и неговиот сојузник Илон Маск.
Протестите со мотото „Hands Off“ ќе им дадат можност на противниците на Трамп да го изразат своето незадоволство од надворешната и внатрешната политика на Трамп на САД.
„Ова е масовен протест што испраќа многу јасна порака до Маск, Трамп, републиканските конгресмени и сите сојузници на движењето „Направете ја Америка повторно голема“ (MAGA) дека не ги сакаме нивните раце во нашата демократија, заедници, училишта, пријатели и соседи“, рече Езра Левин, ко-основач на Indivisible, една од групите што ги организираа настаните овој викенд.
Белата куќа засега е без коментар. Планирани се протести во сите 50 држави. Најголемите собири се очекуваат на Националниот плоштад во Вашингтон.