
Полска има најмногу автомобили по жител во ЕУ, објавени податоци и за Македонија
На 1.000 жители на Србија има 325 регистрирани патнички автомобили, покажуваат податоците на Европската статистичка служба (Евростат) за 2021 година.
Гледано по региони, најмногу автомобили на 1.000 жители се регистрирани во Белград – 378, потоа во регионот на Шумадија и Западна Србија со 317, потоа Војводина (310), додека најмалку патнички возила на 1.000 жители се регистрирани во регионот на Јужна и Источна Србија (289).
За споредба, во Северна Македонија се регистрирани 231 патничко возило на 1.000 жители, во Хрватска 465 и во Словенија 564.
Најмногу автомобили во земјите од Европската унија на 1.000 жители имало во Полска (687) и Луксембург (682), а најмалку во Романија (400) и Латвија (404).
Евростат објави дека просечниот број на патнички автомобили по жител во Европската унија во 2021 година се зголемил од 0,53 на 0,57.
Податоците покажуваат дека земјите од западниот дел на ЕУ забележале повисоки стапки на моторизација (патнички автомобили на 1.000 жители) од земјите од централна и источна ЕУ. Сепак, на регионално ниво, имаше значителни разлики во сопственоста на автомобили во рамките на ЕУ.
Највисока просечна годишна стапка на раст на патничките автомобили на 1.000 жители во периодот од 2001 до 2021 година меѓу членките на ЕУ забележа Романија (5,4 отсто), а по неа е Полска со 4,5 отсто.
Генерално, балтичките, источноевропските и централноевропските земји на ЕУ забележаа посилен раст од западните земји на ЕУ меѓу 2001 и 2021 година, заклучува Евростат.

