Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полска ги намали давачките за ископ на бакар, а во Македонија нема нов рудник 40 години
Македонија

Полска ги намали давачките за ископ на бакар, а во Македонија нема нов рудник 40 години

04/06/2025

AA

Глобалните залихи на бакар ќе бидат помали во споредба со потребите на светско ниво, односно за да може да се следи растот на побарувачката на електрична енергија во следната деценија – ова го покажуваат најновите податоци на Меѓународната енергетска агенција во извештајот посветен на критичните минерали.

Бакарот е сеприсутен метал во електрониката од сите видови и неговата побарувачка постојано расте, бидејќи тој е клучна компонента во електричните возила, технологиите за обновлива енергија како што се ветерниците и соларните панели, но и за пренос на електрична енергија.

И покрај силната побарувачка на бакар поради електрификацијата… тековниот ископ од актуелните рудници укажува на потенцијален недостиг од 30% во понудата до 2035 година поради опаѓање на квалитетот, зголемените капитални трошоци, ограничените откритија на ресурси…, се вели во извештајот.

Според Агенцијата, повеќе резерви на поквалитетен бакар мора да се најдат и развијат, во исто време со повик да се зголеми рециклирањето на електрониката. Поради безбедносни причини, Европската Унија и САД веќе започнаа да преземаат интервентни мерки. ЕУ ги идентификуваше литиумот, бакарот, кобалтот, никелот, галиумот, борот и други минерали како критични минерали неопходни за енергетската транзиција и технолошките иновации. Со цел да се намали и зависноста од Кина и Русија, Брисел промовира ископ, преработка и рециклирање на овие минерали во сопствените граници. Проектите за нови рудници засега опфаќаат 13 земји-членки на ЕУ: Белгија, Франција, Италија, Германија, Шпанија, Естонија, Чешка, Грција, Шведска, Финска, Португалија, Полска и Романија.

Официјална Варшава најсериозно се впрегна да се изнајде што побрзо решение, па така полските власти решија драстично да ги намалат давачките за ископ на бакар. Министерот за финансии Андржеј Домански вели дека мерката ќе започне да се применува од 2026 година. Според годишниот извештај на KGHM, кој е најголемиот полски производител на бакар, компанијата платила даноци од 3,87 милијарди злоти во 2024 година.

Домански изјави дека намалувањето на даноците и воведувањето одбитоци на инвестициските расходи ќе ги намали даночните приходи за приближно 10 милијарди злоти (2,66 милијарди долари) во текот на една деценија и ќе ги намали трошоците за производителите на бакарна руда за истиот износ.

Апсолутно клучен е фактот дека KGHM е снабдувач нa околу 85 отсто бакар во Европа. Со грижата за инвестициите во Полска, со грижата за развојот на KGHM, се грижиме и за колективната безбедност на Западот и на Европската унија, изјави полскиот министер за државни ресурси Јакуб Јаворовски.

Од друга страна, Врховниот суд на САД го расчисти патот за огромниот нов рудник за бакар во Аризона. Проектот Resolution Copper, ќе биде еден од најголемите рудници за бакар во светот и ќе задоволува четвртина од потребите за бакар во САД штом целосно ќе се развие.

„Судската пресуда доаѓа во време кога администрацијата на Доналд Трамп работи на запирање на американската зависност од Кина за мноштво критични минерали клучни за низа сектори – од одбрана до технологија и електрична енергија. Администрацијата се обврза да го забрза системот за издавање дозволи за одредени рударски проекти, вклучително и на Resolution Copper, за да го поттикне растот на домашната металургија и индустријата за батерии“, пишува „Фајненшел тајмс“.

Црвениот аларм го покрена и Гренланд.

„Гренланд ги повикува САД и европските нации да инвестираат во нашата рударска индустрија. Предупредуваме дека недостатокот на западен ангажман може да не принуди да бараме партнерства со Кина“, вели Наја Натаниелсен, министерка за бизнис и минерални ресурси на Гренланд.

Во меѓувреме, Македонија е незначителен производител на бакар. Во засега единствениот рудник за бакар Бучим и Боров Дол се произведуваат околу 8.000 тони бакар годишно и 500-1.000 тони злато, кои потоа се извезуваат во соседна Бугарија во форма на бакарен концентрат со содржина на бакар од 21%. Во Македонија нов рудник не е отворен во изминатите 40 години, а со низа пречки се соочуваат сите најави за инвестиции во рударството. Додека ЕУ стимулира производство на бакар, од друга страна, Македонија во моментов има само еден рудник за бакар „Бучим – Боров дол“ и според проценките во него се произведуваат само 8.000 тони бакар годишно. Експертите повеќе пати ги повикаа властите да изготват национална стратегија за рударската индустрија, а компаниите кои сакаат да инвестираат посочуваат дека најголем предизвик претставува правната несигурност. Дел од таквите инвеститори се „Еуромакс ресоурцес“ за рудник за бакар во Иловица, како и конзорциумот „Сардич“ за рудник за бакар во Казандол.

Според геолошките истражувања во наоѓалиштето за бакар Иловица утврдени се околу 500 милиони тони руда, односно 237 милиони тони ресурси и резерви од 225 милиони тони руда во кои, според проценките, има 410.000 тони бакар. Па така, пресметките, но и планот на инвеститорот предвидуваа просечно годишно производство од над 16.000 тони бакар во Иловица. Доколку ова се преведе во бројки, рудникот во Иловица, на инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“, ќе биде во топ-3 извозни компании во Македонија, со приближно двесте милиони евра просечен извоз во година. Според количините на руда што ги поседува, рудникот беше предвидено да работи околу 23 години.

Нереализиран остана рудникот за бакар во Казандол на англиско-украинскиот конзорциум Сардич. Планираниот капацитет на производство во Казандол беше повеќе од 4.000 тони бакар годишно во период од 12 до 15 години.

Изминативе години не се оствари ниту најавата за рудник за бакар на Кожув на канадската фирма „Резервоар минералс“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

КУЗЕСКА: Наместо владеење на правото, Мицкоски ја сведува правдата на

31/05/2026
Македонија

Македонците работат речиси четири часа повеќе од европскиот просек

31/05/2026
Македонија

Внимавајте на облеката при посета на МВР: Се воведува кодекс!

31/05/2026
Македонија

Бил под дрога и свртил на дупла полна линија, приведен

30/05/2026
Македонија

Злато за Македонија во Монако: Андреас Трајковски е европски шампион

30/05/2026
Македонија

Документарецот за Слаткаристика предизвика дебати, Министерството појаснува дека филмот е

30/05/2026
Македонија

ФОТО Магична ноќ над Битола – полната месечина го осветли

30/05/2026
Македонија

Љутков: Јубилејот на Македонците во Војводина е потврда за силното

30/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43554
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КУЗЕСКА: Наместо владеење на правото, Мицкоски ја сведува правдата на лични предчувства и заплашувања

31/05/2026

Премиерот Христијан Мицкоски не ги води сериозно државните институции, туку правдата во земјава ја сведува на лични предчувства и обиди

Македонците работат речиси четири часа повеќе од европскиот просек

31/05/2026

Додека во Европската Унија вистинското неделно работно време бележи благ, но константен пад во последната деценија, во Македонија се работи

Внимавајте на облеката при посета на МВР: Се воведува кодекс!

31/05/2026

Министерството за внатрешни работи (МВР) воведува официјален Кодекс за облекување кој ќе мора строго да се почитува. Новите правила нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy