Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Половина Македонија се разбуди без струја!
Македонија

Половина Македонија се разбуди без струја!

18/05/2025

AA

Утрово половина Македонија се разбуди без електрична енергија.

Наводно струја снемало околу 5 часот сабајле кога Скопје, но и Кочани, Прилеп, Скопје, Гевгелија, Штип, Куманово останале во мрак.

Засега не е познато која е причината за прекинот и дали станува збор за дефект од големи размери.

Неофицијалните информации велат дека станува збор за голем дефект, и дека проблемот е системски.

Граѓаните на социјалните мрежи го искажуваат своето незадоволство.

Утрово се огласија и од АД Мепсо каде велат дека сошло до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа.

„Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици. Станува збор за реигонален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината. Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата.

Екипите на АД МЕПСО продолжуваат да работат на целосно нормализирање на стабилноста на електроенергетскиот систем. Дополнително, вреди да се истакне дека систематично преку реализација на новите инвестиции во тесна соработка со соседните преносни систем оператори, се придонесува за зајакнување на стабилноста на системот, кој во минатото беше сериозно запоставен и неадекватно одржуван. АД МЕПСО и понатаму будно ја следи состојбата и се врши координација со преносните системи во регионот со цел да се обезбеди стабилност во системот и безбедност на корисниците со напојување со електрична енергија“, велат од Мепсо.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44756
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време – температурите ќе надминат 40

30/07/2026

Под влијание на изразено топла воздушна маса што пристигнува од југ, нашата земја ја зафаќа нов топлотен бран. За време

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026

Вкупно 73 граѓани вчера побарале медицинска помош во јавните здравствени установи во Гостивар, информираат од надлежните служби. Во Општата болница

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026

Две лица се лишени од слобода, а 15 странски државјанки се приведени во полициска акција спроведена во два угостителски објекти

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy