
Полицијата упадна во домот на 23-годишен скопјанец, пронајде оружје, дрога, куршуми…
На 03.02.2026 во 22:50 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ѓ.С.(23) од Скопје, поради тоа што при извршен претрес со судска наредба во неговиот дом во Скопје, на подрачјето на Центар, пронајдени се и одземени марихуана, дигитална вага, пиштол, рамка со куршуми, пари и други предмети.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

