Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицијата изрече преку 2.000 казни за три дена низ Македонија
Македонија

Полицијата изрече преку 2.000 казни за три дена низ Македонија

16/05/2025

AA

Во изминативе три дена (13./14./15.05.2025) во рамки на реализираните сообраќајни контроли што полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи во континуитет ги спроведуваат на патиштата низ земјава, вкупно беа издадени 2018 платни налози од кои што во најголем број, односно половината се однесуваат на прекршоците: непрописно паркирање 600, брзина на движење спротивна од пропишаната 256, како и управување на возило без возачка дозвола 204 прекршоци.

Покрај овие прекршоци согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, исто така евидентирани беа подеднаков број прекршоци по основ на користење на мобилен телефон и некористење сигурносен појас при што  санкционирани се по 117 учесници во сообраќајот, а пак дури 119 возачи на мотоцикли се санкционирани за неносење заштитна кацига. Во рамки на контролите  деветмина возачи минале на црвено светло, изречени се 26 мерки возење под дејство на алкохол, а санкционирани биле и 25 пешаци.

По основ пак на Законот за возила од вкупно 67 возила отстранети од сообраќај, 24 биле технички неисправни, а 43 не биле регистрирани.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
Македонија

ПУКАЛ ВО НОЌТА КОН ВОЗИЛО НА КУМАНОВЕЦ Во Кратовско приведен

12/04/2026
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42411
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без дозвола, со забрана и со

12/04/2026

Пет возачи се лишени од слобода во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата поради безобѕирно управување со возило,

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè чекаат дождови и грмотевици

12/04/2026

Во текот на новата седмица односно во периодот од 13 до 19 април 2026 територијата на Македонија ќе биде под

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси се отворени, вели ВРЕДИ

12/04/2026

Младите се двигател на развојот, државата ги отвора вратите на пазарот на трудот, вели коалицијата ВРЕДИ  истакнувајќи дека со  Оперативниот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy