Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Полицијата имала пријава за уцена, OJO ги истражува мотивите за убиството на жената
Македонија

Полицијата имала пријава за уцена, OJO ги истражува мотивите за убиството на жената

25/09/2023

AA

Службените лица од Полициската станица во Кочани пред околу пет месеци добиле пријава за уцена што ја доставила 46-годишната жена која утрово настрада во грозоморното убиство.

-На 16. мај, во 11:30 часот, Т.М. пријавила дека подолг период била уценувана од У.Р. со кого биле во љубовна врска, дека ќе објави компромитирачки фотографии и видеа доколку не му даде пари. Од страна на инспектори во Надворешната кцеларија за криминалистички работи при Одделението за внатрешни работи – Кочани постапено е по пријавата. На 31. мај до Основното јавно обвинителство – Кочани е доставен поднесок – известување со службен материјал во прилог. Како дополнување на известувањето испратен е и службен материјал во прилог на 05. јуни 2023 година, истакнуваат од СВР – Штип.

Од Основното јавно обвинителство – Кочани информираа дека се работи на расчистување на случајот и се истражуваат мотивите за убиството.

-Основното јавно обвинителство Кочани изврши увид на лице место пред семејна куќа каде утрово беше лишена од живот жена на возраст од 46 години. Преземени се сите дејствија, наредена е обдукција на телото на починатата, обезбедени се траги и други докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Од очевидци на настанот извршено е препознавање на осомничениот сторител на кривичното дело, кој е лишен од слобода. Се постапува за расчистување на настанот и за испитување на мотивите, истакнуваат од ОЈО – Кочани.

Граѓанските организации кои работат на заштита и поддршка на жртвите од семејно насилство, особено жените, нагласуваат дека надлежните институции тешко ги препознаваат заканите и можните последици.

-Не се препознава ризикот од фемицид. Институциите, односно полицијата и центрите за социјална работа, имаат правилници кои им укажуваат како да прават проценка на ризикот за секоја пријава што доаѓа кај нив. Некогаш пријавите ги регистрираат како поплаки и не преземаат ништо, иако се должни да направат проценка колкав е ризикот за безбедноста и сигурноста на жената која пријавува каков било обид за насилство. Агонијата на жената од Кочани траела седум години, а нејзината пријава не била сфатена сериозно. Ако се прави подобра проценка на ризикот, ќе можеме да ги антиципираме случаите каде што постои опасност од фемицид, односно убиство, истакна Благица Кирова од Едукативно-хуманитарната организација ЕХО од Штип.

Според законските одредби уцената се смета за сериозно кривично дело за кое е предвидена затворска казна до пет години.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА

07/02/2026
Македонија

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар

07/02/2026
Македонија

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување,

07/02/2026
Македонија

ДВАЈЦА ПРОФЕСИОНАЛНИ ВОЈНИЦИ ЗАБОЛЕНИ ОД ШУГА Биле на обука во

07/02/2026
Македонија

Внимавајте: На овој патен правец има магла

07/02/2026
Македонија

КУЧИЊА НАПАДНАЛЕ ДВЕГОДИШНО ДЕТЕ ВО БИТОЛА Со тешки повреди е

07/02/2026
Македонија

СДСМ прашува: Кој дозволи 5 тони дрога да помине граница?

07/02/2026
Македонија

УКРАЛ 45.000 ЕВРА ОД ФИРМАТА КАДЕ РАБОТЕЛ Полицијата уапси 35-годишен

07/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41178
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НЕМА ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ ЗА ДА ИМА ФЕР УСЛОВИ ЗА ИЗБОРОТ НА ИДНИОТ ЛИДЕР НА ВМРО-ДПМНЕ Новиот

07/02/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски доби апсолутно мнозинство на Конгресот минатата година и легално и легитимно е во периодот што

ЗОШТО ЗАЕВ ЛИЧНО СЕ РАСПРАШУВАЛ ЗА ЗАПЛЕНЕТАТА ДРОГА? Колкав ќар очекувал експремиерот, Обвинителството да одговори

07/02/2026

Над две третини од 27 тони запленета дрога е од фирма на кадар на СДСМ, соработник на Зоран Заев, рече

ТОПОЛ ФЕВРУАРСКИ ДЕН, СО ТЕМПЕРАТУРА ДО 14 СТЕПЕНИ Следува заладување, дожд и снег

07/02/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно, најавува Управата за хидрометеоролошки работи. Претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд, а

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy