Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Поднесено обвинение за татко и две ќерки поради спречување службени лица да одземат добиток во Крива Паланка
Македонија

Поднесено обвинение за татко и две ќерки поради спречување службени лица да одземат добиток во Крива Паланка

11/12/2025

AA

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поднесе обвинителен предлог против три лица за кривично дело – Спречување на службено лице во вршење службено дејствие од член 382 став 1 од Кривичниот законик.

Станува збор за татко и две ќерки кои на 2 декември, во местото викано “Самоков”, во близина на кривопаланечкото село Луке, спречиле службени лица од Агенцијата за храна и ветеринарство да извршат службено дејствие и да постапат по правосилно решение за одземање крупен добиток.

Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик.

Една од двете ќерки е обвинета и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик, бидејќи таа телесно повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата, така што го влечела и го гребела по лицето.

Како резултат на дејствијата на тројцата обвинети, лицата ангажирани од АХВ биле спречени да постапат по решенијата и да го одземат добитокот од обвинетите.

Во текот на постапката за обезбедување на доказите, сите три лица беа обезбедени со мерка притвор. Со поднесување на обвинението, имајќи ја предвид фазата во која се наоѓа постапката и поединечните околности кај секој од обвинетите, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог со кој предложи притворската мерка да биде продолжена за таткото и за една од ќерките.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026
Македонија

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со

27/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски

27/08/2026
Македонија

Струмичанец на плоштад ја истепал поранешната сопруга

27/08/2026
Македонија

Ова е конечната ранг-листа на примени ученици во Средното полициско

27/08/2026
Македонија

Скопјанец си ја пријавил мајка си во полиција: Им се

27/08/2026
Македонија

Првачињата во Зрновци ќе добијат по 5 илјади денари

27/08/2026
Македонија

Падна потпис за гасно поврзување со Србија – Македонија отвора

27/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45298
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Влошена здравствената состојба на Стевчо Јакимовски, итно пренесен во болница

27/08/2026

Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, итно е пренесен во болница, пишува 24инфо. Според нивните

Пожар кај селото Копаница: Пожарникарите и ловците се борат со огнот на тешко пристапен терен

27/08/2026

Голем пожар попладнево го зафати атарот на селото Копаница, каде што гори претежно сува трева, трње, грмушки и ниска вегетација.

„Сејф Сити“ почна да ги казнува и мотоциклистите: Системот автоматски регистрира сообраќајни прекршоци

27/08/2026

Системот „Сејф Сити“ од вчера започна автоматски да ги детектира прекршоците што ги прават мотоциклистите, информираше министерот за внатрешни работи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy