Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата
Македонија

Почнува јавна дебата за креирање на Фонд за новинарски продукти: ЗНМ и европските новинарски организации на средба во Владата

05/06/2023

AA

На барање на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), денеска се одржа средба со премиерот Димитар Ковачевски заедно со претставници на пет глобални новинарски и медиумски организации кои се во посета на Македонија.

Предмет на разговор беше потребата, Владата и новинарската фела, заедно да изнајдат механизам преку кој ќе се унапреди плурализмот во медиумското известување, но и да се подобри генерално медиумската содржина каде ќе преовладува јавниот, а не партискиот интерес. За оваа цел, претставниците на новинарските и медиумските организации ја истакнаа нужноста од креирање на фонд за поддршка на плурализмот во медиумите. Важно е да постои механизам кој ќе даде шанса на сите медиуми и новинари кои имаат идеи за квалитетни медиумски содржини да имаат пристап, на транспарентен и фер начин да бидат поддржани во своите напори со цел да го задоволат јавниот интерес.

Премиерот Ковачевски ги поздрави напорите на новинарските организации и изрази подготвеност да се отвори јавна дебата за барањата за креирање на фонд за поддршка на плурализмот во медиумите во Македонија.

Освен ова, на состанокот се дискутираше за преземање на следни чекори кои би влијаеле на зголемување и заштита на слободата на изразување, мерките за поголема заштита на новинарите од напади, вербални и физички, посебно новинарките кои за време на вршење на својата работа се повеќе изложени на напади.

Во врска со транспарентноста на Владата, беа пренесени дел од пречките со кои локалните медиумски работници се соочуваат и беше уште еднаш побарано на секоја фотографија, видео и текст од владата и било која јавна институција да мора да биде јасно означена дека станува збор за владина содржина. Исто така и за ова барање, од страна на претставници на кабинетот, беше укажано дека постои подготвеност да се разговара за потенцијално техничко решение.

Во периодот од 5 до 7 јуни претставниците на новинарските и медиумските организации остваруваат средби претседателот на државата, претседателот на Владата, претседателот на Собранието, министерот на Министерството за информатичко општество и администрација, директорите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и на јавниот сервис (МРТ), со амбасадорот на Делегацијата на Европската Унија, Амбасадата на САД, како и со група на новинари и уредници, членови на ЗНМ.

Овие состаноци се реализираат во рамки на „мисијата за проверка на факти“ која ја организира Здружението на новинари на Македонија. Во рамки на оваа мисија претставниците на ЗНМ и на „Европската федерација на новинари“, „Фри Прес Унлимитед“, „Меѓународниот институт за медиуми“, „Европскиот центар за слобода на печатот и медиумите“, и „Osservatorio Balcani e Caucaso Transeuropa“, oстваруваат средби со важни чинители за медиумскиот сектор, а набргу ќе биде објавен и извештај со наоди и препораки.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026
Македонија

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија

08/08/2026
Македонија

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44917
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

38-годишен маж пронајден починат во својот дом во Штип

08/08/2026

Трагичен настан бил пријавен во Штип во раните утрински часови на 7 август. Според информациите од полицијата, во 02:45 часот

Зголемен бројот на лица со стомачни вируси и дехидратација, Македонија под топлотен бран

08/08/2026

Високите амбиентни температури донесоа значително зголемен прилив на пациенти на Детското одделение во Општата болница во Куманово, каде што дневно

Слета владиниот авион со повредениот турист од Бодрум

08/08/2026

Од Бодрум со владиното авионче попладнево на скопскиот аеродром беше префрлен патникот кој се здобил со побреди во Турција, потврдиваат

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy