Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми
Економија

ПОЧНА ПАТУВАЊЕТО НА НОВИОТ ГАСОВОД МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА: Еве што пишуваат грчките медиуми

19/02/2025

AA

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

Компанијата „Терна“ пред четири месеци беше избрана за изведувач на грчкиот дел на интерконекторот, при што го презеде деталниот проект, набавката на материјали и изградбата на гасоводот Неа Месимврија – Евзони/Гевгелија.

Грчкиот портал пишува дека за конкретниот проект што е во надлежност на Националниот оператор за пренос на гас на Грција ДЕСФА, буџетот е ревидиран на 92 милиони евра (од 67 милиони евра во претходната програма), а паралелно во тек е и тендерот за изградба на мерната станица, што е клучна за непречено функционирање на гасоводот.

Проектот, според грчките портали специјализирани за енергетски теми, се очекува да биде финализиран на пролет следната година, временски период поместен поради доцнењето од наша страна.

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска пред две седмици, по учеството на енергетски Самит во Грција и по средбата со нејзиниот грчки колега Теодорос Скилакакас, во разговор за МИА, за интерконекторот објасни дека кај нас беше поништена постапката и беше покрената нова, а цената е за 12 милиони поевтина од минатиот пат.

– Што се однесува до Номагас ги изврши сите проверки, ние од наша страна сè завршивме. Испратено е до Европската инвестициона банка и секој ден се очекува, деновиве за една недела максимум очекуваме потврда и да започнеме со потшишување на договорот за фирмата која е најуспешен економски оператор и да почнеме со изградба, затоа што се чека на нас, објасни министерката пред две седмици и посочи дека токму за интерконекторот разговарале со Скилакакис.

Гасоводот предвидено е да биде во должина од 123 километри, од кои 67 километри се на македонска територија, да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас, а со цел да се диверзифицираат изворите на снабдување со природен гас во Северна Македонија.

Паралелно преку проектот, нашата земја ќе има можност да се снабдува и со природен гас и течен природен гас (ЛНГ) од грчките терминали во Ревитуса и Александруполи.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Со изградбата на интерконекторот, поради географската положба, нашата земја може да стане крстопат во регионот, со оглед на тоа што како што објасни Божиновска за МИА веќе постои конекцијата со Бугарија, се работи на онаа со Грција, а минатата година беше потпишан меморандум за соработка и со Србија, со што како што рече „работиме на тоа што значи дека низ нас ќе поминува транзитна рута и ќе се снабдува не само Србија, туку и Унгарија и Австрија“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Поднесени обвиненија за измами со брзи кредити

16/07/2026
Македонија

Биста на Махатма Ганди ќе биде поставена во Скопје

16/07/2026
Македонија

ФИНАНСИСКИ СКАHДАЛ ВО ПОЦ: Ревизијата откри хаос во работењето, милионски

16/07/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГО ПРЕЗЕМА ТЕФЕРИЧ: Владата ќе го санира свлечиштето, затворен

16/07/2026
Македонија

Судијата Гоце Наумовски поднесе оставка преку Собранието, го заобиколи претседателот

16/07/2026
Македонија

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА ПАДОТ НА „ТОТАЛ“: Супервештачењето го стопи износот

16/07/2026
Македонија

НАЦИОНАЛЕН ФРОНТ ПРОТИВ ПОЖАРИТЕ: Над 250 доброволни пожарникари обединети под

16/07/2026
Македонија

ШВЕРЦ НА ДЕВЕ БАИР: Запленети 2.000 вијали со медицински раствор

16/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44425
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Поднесени обвиненија за измами со брзи кредити

16/07/2026

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе обвиненија против шест лица за повеќе дејствија во рамки на продолжени

Биста на Махатма Ганди ќе биде поставена во Скопје

16/07/2026

Биста на Махатма Ганди, кој се смета за татко на нацијата во Индија, во догледно време ќе биде поставена во

ФИНАНСИСКИ СКАHДАЛ ВО ПОЦ: Ревизијата откри хаос во работењето, милионски долг кон Општина Центар и

16/07/2026

Државниот завод за ревизија (ДЗР) изрече неповолно мислење за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на ЈП „Паркинзи на Општина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy