Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна
Македонија

Почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – еден од најсилните гласови на македонската изворна песна

30/01/2026

AA

Македонската музичка сцена изгуби едно од своите најпрепознатливи и најавтентични имиња. По кратко боледување, во Гостивар почина Костадинка Палазова Ѓорѓиоска – доајенот на македонската изворна песна и еден од најпосветените чувари на егејското музичко наследство. Веста за нејзината смрт ја соопшти нејзиното семејство преку социјалните мрежи.

Палазова остана запаметена како исклучителен интерпретатор на безвременски егејски песни, меѓу кои и „Сношти отидех џанам“, со кои остави длабока трага во македонскиот фолклор. Нејзиниот музички пат започна во популарната емисија „Вие пред микрофон“, каде што со изведбата на песната „Врни се, врни, либе Мариче“ ја освои првата награда и ја најави својата долга и плодна кариера.

Од 1960-тите години, Костадинка Палазова активно настапуваше и снимаше, градејќи препознатлив стил и оставајќи зад себе богат музички опус. Родена е во 1939 година во кукушкото село Сехово, од каде што животниот пат ја одвел најпрво во Гевгелија, а потоа и во Гаково, Војводина, каде што го завршила третото одделение. По сопствена желба се вратила во Вардарска Македонија и се населила во селото Зубовце, во гостиварскиот регион, каде што живееше со децении.

Палазова е особено позната и по песните посветени на Гоце Делчев и војводите од кукушкиот крај. Во својата кариера сними околу 40 песни, меѓу кои и авторски дела како „Филка мома моле бога“.

Настапувала заедно со најголемите имиња на македонскиот музички фолклор – Васка Илиева, Есма Реџепова и Кочо Петровски. За својот долгогодишен придонес ја доби наградата за животно дело на фестивалот „Роса“, по повод 50 години музичко творештво.

Во 2016 година, во Гостивар беше организиран голем велигденски концерт во нејзина чест, како симболично признание за нејзиниот огромен придонес во зачувувањето и афирмацијата на македонската изворна песна. Со заминувањето на Костадинка Палазова Ѓорѓиоска, македонската култура изгуби глас што ќе остане трајно врежан во колективната меморија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок

30/07/2026
Македонија

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени

30/07/2026
Македонија

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца,

30/07/2026
Македонија

Пожар кај Желино, интервенира ер трактор

30/07/2026
Македонија

Работната група на Македонија и Бугарија постигна согласност за активностите

30/07/2026
Македонија

АЛАРМ ЗА ТОПОЛ БРАН: Следува сончево и многу топло време

30/07/2026
Македонија

Во Гостивар 73 пациенти побарале лекарска помош, четворица хоспитализирани

30/07/2026
Македонија

Полициска акција во гостиварско: Приведени 15 странски државјанки

30/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44761
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Домаќинствата можат да добијат до 30.000 денари субвенции за приклучок на гас

30/07/2026

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини започна нова акција за директна помош на граѓаните, со цел транзиција кон поекономично

Еден месец Task Force: Запленети над 43 кг марихуана, приведени 241 лице, пресечен меѓународен транспорт

30/07/2026

Еден месец по формирањето на Работниот тим (Task Force) за сузбивање на недозволената трговија со дрога, Министерството за внатрешни работи

ВНИМАВАЈТЕ: Во функција се камерите во дел од општина Дебрца, наскоро ќе стартуваат и во

30/07/2026

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека по извршеното финално тестирање ставени се во функција безбедносните камери на системот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy