
ПОЧЕТНАТА ПЛАТА Е 850 ЕВРА: Хрватска бара над 2.000 келнери
Хрватите бараат повеќе од 2.000 келнерки, a почетната плата е 850 евра.
На поширокото подрачје на Копривница, Бјеловар, Чаковец и Вараждин се бараат околу 100 келнерки и келнери, а понудените плати се во широк опсег. Во Копривнички Бреги, на пример, бараат две келнерки со една година работен стаж, а можат да имаат само основно или високо образование. Почетната плата е 865 евра бруто.
На подрачјето на Бјеловар, во ресторан бараaт келнер со завршено основно училиште, а му нудат почетна плата од 840 евра бруто. Во еден ресторан во Вараждинско, поточно во Видовац, се бара келнер или келнерка на неопределено време. Нудат плата од 1.200 до 1.300 евра нето.
foto freepik.com/Drazen Zigic