Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По стечајот: Витанов најавува нов бизнис модел и апликација
Македонија

По стечајот: Витанов најавува нов бизнис модел и апликација

30/08/2025

AA

„Мисијата останува иста, само патеката се менува. Јас сум со вас и пред вас – и нема да ве поведам таму каде што сам не би одел“ – им порача Зоран Витанов на членовите на Лајконет Македонија. Во подолга порака испратена преку Вибер, тој објасни дека веќе се работи на создавање одржлив, етички и профитабилен бизнис модел „кој повторно ќе ни овозможи да работиме со чиста совест и гордост во идејата: здружена заедница на трговци и купувачи“. Воедно, повика на меѓусебна солидарност и избегнување обвинувања, со предлог да се разгледа можноста за заедничка постапка за заштита на „сите маркетери“, пренесе порталот Пари.мк.

Откако минатата недела странските медиуми објавија дека стечајот на MyWorld International AG е неизбежен, вниманието се насочи и кон Витанов. Иако Мај Ворлд Македонија е во сопственост на Радован Витошевиќ, Витанов ја предводи Лајконет Македонија и долги години е претставник на Лајконет Аустриа ГмбХ, компанија која исто така е засегната од стечајната постапка.

Од порталот Пари.мк се обиделе да стапат во контакт и со Витошевиќ и со Витанов, но одговор добиле само од Витанов, кој изјави дека е оштетен и најави покренување на соодветна правна постапка.

Во пораката до членовите, Витанов посочил дека тековните проблеми се резултат на лошо менаџирање, но ги охрабрил да останат трпеливи и да не се откажуваат, бидејќи наскоро ќе биде достапна нова апликација со потенцијал за профитабилност.

Тој нагласил дека веќе собира понуди од софтверски компании кои би можеле да ја развијат новата апликација. „Нашиот тим го изгради овој бизнис. Зошто да не биде и бизнисот наш?“ – заврши Витанов во пораката до корисниците.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy