
По ракетен напад: Пожар во близина на деловен центар и магацин на малопродажен синџир во Одеса
Пожар избувна во близина на деловен центар и магацин на малопродажен синџир по руски ракетен напад врз црноморското пристаниште Одеса во текот на ноќта, соопштија рано денеска украинските власти, пренесе Ројтерс.
Има жртви и ранети, изјави за bTV новинарката Ана Терзивец која се наоѓа во Одеса.
„Одескис имаше многу немирна ноќ, четири ракети беа испукани од Црното Море, не спиевме цела ноќ. Унишен е деловен центар, во негова близина образовна институција, магацини и многу простории. Пожар имаше цела ноќ и веќе се знае дека има три жртви и околу 30 повредени“, изјави новинарката Ана Терзивец.
Силите за воздушна одбрана соборија два проектила над градот, објави градската управа во Телеграм. Засега не е јасно колку проектили биле насочени кон Одеса.
„Се прецизираат информации за размерите на уништувањето и жртвите“, соопшти администрацијата.