
По еден ипол месец победа на гости: „Ѓаволите“ пресилни за третолигашот во ФА купот!
Ова беше прва гостинска победа за „ѓаволите“ во сите натпреварувања по пауза од еден ипол месец, која носи оптимизам кај навивачите на овој тим за продолжение од сезоната. Составот од „Олд Трафорд“ постигна по еден погодок во двете полувремиња, а стрелци беа двајца Португалци – Диого Дало во 22. минута и Бруно Фернандеш во 74. минута од пенал.
Јунајтед и во следната фаза од ова натпреварување ќе има релативно лесна задача бидејќи за ривал ќе има нисколигаш и тоа победникот од повторената пресметка помеѓу Њупорт каунти и Истлиџ, кому ќе му гостуваат.
