
По четиричасовна битка Циципас го победи Тим и закажа меч со Мареј!
Тоа беше меч од првото коло на Вимблдон. Доминик Тим пружи голем отпор на Циципас кој е петти носител на турнирот, на крајот Гркот со многу мака успеа да излезе како победник.
Во дури три сета се играше тајбрејк. Првиот сет го доби Тим со 6-3 и најави интересен меч. Во вториот сет имаше тајбрејк, Циципас го доби со 7-1 и израмни на 1-1 во сетови. Во третиот сет Гркот беше убедлив со 6-2 па се чинеше дека лесно ќе си ја заврши работата.
Но, Тим не се предаваше, во четвртиот сет повторно имаше тајбрејк, овојпат Австриецот го доби со 7-5 и изедначи на 2-2. Како што му прилегаше на еден ваков меч, решавачкиот петти сет исто така се играше во тајбрејк, овојпат Циципас победи со 10-8 и го доби мечот со 3-2.
Во второто коло Циципас ќе игра против Енди Мареј кој во првото коло се покажа во импресивно светло откако го елиминираше Пенистон со само четири загубени гејма.

