Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПО АПСЕЊЕТО НА ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: Кој се е вмешан во корупцискиот скандал?
Регион

ПО АПСЕЊЕТО НА ХРВАТСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО: Кој се е вмешан во корупцискиот скандал?

16/11/2024

AA

По апсењето на министерот за здравство Вили Берош и неколку истакнати хрватски лекари, Хрватска ја тресе еден од најголемите скандали од времето на владата на Андреј Пленковиќ. Деталите кои засега се познати откриваат монструозен грабеж на европски пари, па во истрагата се вклучија и европски истражители. Наводно, водач на злосторничкото здружение е Хрвоје Петрач, познато име од криминалното подземје, кој е бизнисмен во Израел, а се работело по принципот да се купува медицинска опрема за мали суми, а да се продава на болници за високи количини. Сега веќе поранешниот министер земал 25.000 евра по болница, а европските истражители покренале истрага против уште осум лица за примање и давање мито. Петрач засега не е уапсен бидејќи не е во Хрватска, а под истрага се и двајца негови синови.

– Згрозен сум, тоа го сметам за предавство, разочаран сум и лут – беше првата реакција на хрватскиот премиер Пленковиќ, на кого Берош му беше еден од најблиските соработници. 

Неверојатно некој во Министерството за здравство ја искористил својата позиција за лична корист. Апсењето на министерот за здравство е само продолжение на бројните афери со министрите на Пленковиќ, а досега триесетина министри мораа да ја напуштат хрватската влада поради разни малверзации. Очигледно овој пат ниту самиот министер не знаел дека ќе се спроведе голема акција, па не можел ниту да поднесе оставка. 

– Бев непријатно изненаден од веста – вели претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ, а опозицијата тврди дека Берош бил гробарот на хрватското здравство.

– Народни пари наместо во државни болници се префрлаат на приватни клиники, меѓу нив е и онаа на Драган Приморац, кандидат на ХДЗ на претседателските избори. Со години предупредуваме на нетранспарентност, местење конкуренција, истекување пари. Пленковиќ е кум на таков систем и треба да си замине заедно со Берош – реагираат од СДП.

Меѓу уапсените е и еден од најпознатите неврохирурзи, Крешимир Ротим, кој е шеф на неврохирургијата во болницата „Сестрите на милоста“, но и сопственик на три приватни клиники. Пред да стане министер, Берош работел како хирург во болницата каде што Ротим беше шеф. Се сомневаат дека Берош потпишал купување на микроскопи за операции кои биле преплатени, а парите очигледно биле поделени

Европските обвинители се сомневаат дека целиот синџир на овие криминални дела се приклучил на криминална организација која набавувала роботски уреди за здравствените установи и барала мито. 

Во случајот со сплитската клиника која добила 4,8 милиони евра од европските фондови, министерот си го побарал „делот од колачот“, но одговорното лице во сплитската болница не ги земало парите. Веројатно се работи за познатиот хрватски лекар Хулио Мештровиќ, кој во меѓувреме поднесе оставка од функцијата шеф на клиничкиот болнички центар во Сплит. Министерот добил поткуп за набавка на микроскопи за болницата во Осиек, Клиниката за детски болести во Загреб и болницата во Загреб. 

– Во замена за добиениот поткуп, министерот Берош издаде одобренија за купување на оперативни микроскопи по неразумно надуени цени и обезбеди средства за финансирање на јавните набавки – велат европските обвинители, откривајќи како била фалсификувана документацијата и се направил обид да се прикрие делото.

Аферата, можеби најголемата досега, ќе има последици по хрватскиот политички живот. Сега шансите на кандидатот за претседател на ХДЗ Драган Приморац сведе на „нула“, а моделот „купи евтино и продавај скапо“ ќе предизвика лавина дополнителни истраги за тоа како се трошеле европските пари.

Фото: Принтскрин/Твитер

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален

27/10/2026
Македонија

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ

27/10/2026
Македонија

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300!

27/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТИ СО ВРЕДНОСТ ОД 1 ДЕНАР СЕ НАСЛЕДЕНА ЛОША ЕВИДЕНЦИЈА

27/10/2026
Македонија

ОБВИНИТЕЛСТВОТО ГИ ОДБИ ГАЗДА ДЕКО И СИНОТ МИХАЈЛО ЗА СВЕДОК

27/10/2026
Македонија

ЗАБЕЛЕЖАЛЕ ПОВРЕДИ КАЈ УЧЕНИЧКА, ПРИЈАВИЛЕ ВО ПОЛИЦИЈА Обавен службен разговор

27/10/2026
Македонија

ГО НАПАДНАЛ ТАТКА СИ, ПА ФИЛМСКИ СЕ БРКАЛЕ СО АВТОМОБИЛИ

27/10/2026
Македонија

79-ГОДИШНА ЖЕНА ПРОНАЈДЕНА МРТВА ВО КУЌА ВО ЃОРЧЕ ПЕТРОВ Најверојатно

27/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46394
  • Регион 3998
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НАПАДИТЕ ВРЗ НОВИНАРИТЕ ПОД ЛУПА НА ИНСТИТУЦИИТЕ Владата најавува национален план до 15 декември

27/10/2026

Владата најавува Национален комитет за безбедност на новинарите, со учество на институциите и новинарските здруженија. Планот ќе опфати превенција, заштита,

СДСМ Е ОСНОВОПОЛОЖНИК НА СРПСКИОТ, РУСКИОТ И НА КИНЕСКИОТ СВЕТ ВО МАКЕДОНИЈА На ВМРО-ДПМНЕ ѝ

27/10/2026

СДСМ го изгуби компасот, веќе не знаат каде тераат – навреди, закани и ширење говор на омраза е нивното однесување

НА ЕДЕН ЛЕКАР ПО 691 ЗАТВОРЕНИК, СВЕТСКИОТ СТАНДАРД Е 300! Ниско ниво на здравствени услуги

27/10/2026

Македонските затвори се пренатрупани, а медицинскиот персонал што работи во нив е недоволен и преоптоварен, констатира Народниот правобранител, по спроведена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy