Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 По 4 години Боки 13 излезе од затвор – за што лежеше?
Македонија

По 4 години Боки 13 излезе од затвор – за што лежеше?

07/12/2023

AA

Боки 13 од петокот е на слобода, но за што беше во затовр? Во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски – Боки 13 беше осуден на 9 години затвор, а поранешната специјална обвинителка Катица Јанева на 7.

Во „Рекет“ Јовановски е осуден за делата примање награда за противзаконито влијание и за перење пари, а Јанева за злоупотреба на службената положба и овластување.

Во истиот случај со нив, за примање награда за противзаконито влијание, беше обвинет и Зоран Милески-Кичеец, но тој уште на првото рочиште во декември 2019 призна вина и доби затворска казна од 3 години затвор. Таа е правосилна и од октомври лани тој ја издржува во Казнено-поправниот дом (КПД) во Струга.

Според обвинението, а и првостепената пресуда за „Рекет“, откако во ноември 2018 СЈО ја отворило истрагата „Империја“, биле барани пари од осомничениот бизнисмен Орце Камчев, со цел тој да добие повластен третман, како укинување на притвор, враќање на пасошот, но и евентуално својство на заштитен сведок или склучување спогодба. Обвинителството тврдеше, а судечкиот совет смета дека е докажано, дека од Камчев биле изрекетирани 1,5 милиони евра.

Јовановски и Јанева, пак, во текот на судскиот процес ги отфрлаа ваквите тврдења обвинувајќи дека станува збор за монтиран предмет со цел да се спаси бизнисменот Камчев. Предметот го нарекуваа политички, исто како и првостепената пресуда.

Во вториот судски процес пак „Меѓународен сојуз“ беа изречени три затворски казни, една условна и една ослободителна пресуда.

Според одлуката на Кривичниот суд казните за обвинетите се:

Според обвинителството бизнисмени биле измамени со проекти за старечки домови – за одбраната ова е конструиран случај.

Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција го поднесе обвинението на 3 јануари 2020 година, судот го одобри на 12 мај истата година, додека судењето започна во јули 2020 година.

Јовановски како претседател на невладината Меѓународен сојуз во случајот е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Обвинителството тврди дека под превезот на невладината организација, двајцата бизнисмени Силјан Мицевски од градежната компанија „Пелистер“ и Ардијан Амзоски од „Дрим билдинг“ биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси и дале речиси еден милион евра – Мицевски сума од 719 905, а Амзоски 233 821 евро.

Јасна Ерцеговиќ, која беше заменик-претседателка на Меѓународниот сојуз, и Христина Блажевска, асистенка на Јовановски, товарат за помагање во делата што ги извршил првообвинетиот.

Поранешната пратеничка од СДСМ, Фросина Ременски, пак, беше опфатена со обвинението поради помагање во делото измама. За неа обвинителството тврдеше дека со својот углед и авторитет го поддржувала Боки и одела на неговите средби со бизнисмените давајќи му совети и упатства за оштетените да стекнат доверба во, според обвинителството,наводниот проект за старечки домови.

Таткото на Боки, Миле Јовановски, во случајот се најде како петообвинет бидејќи, според обвинителството, му помагал во кривичното дело перење пари, а на товар му беше ставено и делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација Меѓународен сојуз.

Од друга страна, пак, обвинетите уште од почетокот на судскиот процес тврдеа дека не станува збор за никаква измама туку за реални проекти и обвинуваа дека предметот е конструкција.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42392
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот нека нè просвети, порачува г.г.

12/04/2026

„Светлината на Христа воскреснатиот нека нè просвети, та со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy