
Пиоли: Не беше лесно да се соработува со Ибрахимовиќ
Пиоли, сепак, е тажен затоа што во својот тим нема да го има искусниот Ибрахимовиќ, кој бил пример за помладите фудбалери.
„Ибрахимовиќ е одличен фудбалер и интелигентен човек. Златан е вистински шампион, многу сум тажен што повеќе нема да го тренирам. Тој е победник и борец, знам дека не му е лесно. Постојано зборувавме и не беше лесно со него, зашто секогаш кажуваше што чувствува и што мисли“, вели Пиоли.