Пике дојде во домот на Шакира на роденден и замина од спореден влез
Пејачката и фудбалерот ја раскинаa долгогодишната врска, а причината, како што подоцна се дозна, била измама. По раскинувањето започна драмата меѓу поранешните партнери.
Се чини дека пејачката Шакира (45) и пензионираниот фудбалер Жерар Пике (35) останаа во добри односи и покрај сите конфликти во последно време.
Шакира го покани Пике во својот дом за заедно да го прослават 10. роденден на нивниот син. Пике беше снимен пред куќата во автомобил, а насмевката не ја симна од лицето. Тој ја напуштил прославата во друштво на својот постар син Милан, а во домот на Шакира влегол преку соседната куќа, онаа на неговите родители, пишуваат таблоидите.
Пејачката им се заблагодари на своите фанови за поддршката деновиве со тоа што излезе на балконот од својата куќа и ги поздрави оние кои стојат пред нејзиниот дом.
Колумбиската пејачка пред неколку дена објави нова песна, а текстот му го посвети на поранешниот партнер кој ја изневерил. Откако излезе песната, драмата меѓу поранешните партнери не престана некое време.