Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петрушева од БИРН: Медиумите се најдобриот партнер и првиот чекор до информирање на јавноста
Македонија

Петрушева од БИРН: Медиумите се најдобриот партнер и првиот чекор до информирање на јавноста

05/11/2023

AA

Директорката на Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) Ана Петрушева, вчера беше обучувачка на последниот модул од програмата
„Future is Feminist“ кадешто говореше и ги едуцираше учесничките за основните алатки и канали на односите со јавноста, како да стигнат до
клучната порака, до целната публика, на кој начин да информираат за новостите во своето работење, но и зошто се важни односите со медиумите. Таа истакна дека медиумите се најдобриот партнер и првиот чекор до информирање на јавноста.

Во делот на алатките и каналите, учесничките низ интерактивни вежби учеа како да напишат соопштение за јавноста. Петрушева информираше
дека соопштение се испраќа кога има нешто ново да и се каже на јавноста, да се најави нешто што треба да се случи наскоро, да се промовираат резултати, презентира став, да се најави кампања. Таа потенцираше дека најважната порака треба да биде на почетокот и да дава одговор на петте прашања: кој, што, кога, каде, како, но и зошто. Текстот во соопштението треба да биде краток и лесен за читање поддржан со факти, да привлече внимание и најважно, да биде примен и разбран од целната публика.

За одржување на прес-конференции и изјави, Петрушева посочи дека не е доволно што ќе кажете, туку како ќе го кажете.

„Најважните пораки кажете ги јасно, со едноставен јазик, на аргументиран начин и задржете го вниманието на публиката. Бидете свесни дека зборувате со јавноста, а кога се подготвувате за прес-конференција, трудете се да размислувате како новинари. Користете зборови што публиката ќе ги разбере и внимавајте со артикулациите, висината на гласот, изговорот“, рече Петрушева.

Целта на програмата „Future is Feminist“ во организација на Фондацијата Фридрих Еберт и Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој СИГА е да се обучат девојките да ги зајакнат своите лидерски вештини за да го менуваат општеството на подобро.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026
Македонија

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000

13/08/2026
Македонија

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026
Македонија

Пронајден загинат директорот на Алсат телевизија Лирим Хајредини

13/08/2026
Македонија

Пронајден жив и здрав 4-годишниот Богдан од Македонија кој исчезна

13/08/2026
Македонија

Огнот над Моране сѐ уште активен, наутро жестока офанзива од

12/08/2026
Македонија

ПОЧИНА СРНАКОТ МАРТИН: По долга борба за живот, активистите упатија

12/08/2026
Македонија

Пожарот од Моране: Противпожарните екипи остануваат на терен во текот

12/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44994
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пронајдено 15-годишното девојче од Охрид

13/08/2026

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР

Илчо Ѓорѓиоски пуштен во домашен притвор со гаранција од 500.000 евра

13/08/2026

Илчо Ѓорѓиоски, поранешен претседател на Фудбалската федерација на Македонија, е пуштен од притвор и ќе го очекува почетокот на судењето

МПЦ-ОА е единствената православна црква во Македонија, реакција на Синодот

13/08/2026

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ–ОА) излезе со официјална реакција по повод неодамнешната изјава на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy