Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска во посета на извиднички камп во Крушево: Ви честитам што во духот на извидничките вредности градите свет без предрасуди
Македонија

Петровска во посета на извиднички камп во Крушево: Ви честитам што во духот на извидничките вредности градите свет без предрасуди

21/07/2023

AA

Министерката за одбрана Славјанка Петровска вчеравечер во Крушево го посети кампот на Сојузот на извидници на Македонија кои деновиве под мотото „Достигни ги височините“, ја организираа 13. Македонска извидничка смотра на која учествуваа околу 800 извидници од 16 држави.

На младите извидници и љубители на природата, министерката Петровска им честиташе што ги негуваат извидничките вредности и градат свет без предрасуди, стереотипи и дискриминација, а на претставниците на Сојузот на извидници на Македонија им порача дека Министерството за одбрана ќе продолжи да ги поддржува активностите кои ги промовираат здравите животни навики и вредности.

„Ова искуство од вас како младина направи сложни извидници, кои знаат да ја ценат својата традиција, култура и кои меѓу своите врсници ќе ја прошират пораката за важноста на заштита на природата. Мене како министерка за одбрана ми е драго што со логистички придонес на Армијата на Република Северна Македонија бевме дел од оваа ваша незаборавна авантура“, рече Петровска.

Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија ја поддржаа организацијата на 13. Македонска извидничка смотра, чија програма има за цел да ги научи младите љубители на природата за различни животни вештини, целите за одржлив развој, културата и традицијата.

На 13. Македонска извидничка смотра учествуваа над 800 учесници од 16 држави, кои во Крушево и околината имаа можност да стекнат нови извиднички вештини и знаења, но и да се запознаат со природните убавини и традиции на Северна Македонија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy