Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Петровска-Тагарев: Соработката во одбраната помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна
Македонија

Петровска-Тагарев: Соработката во одбраната помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна

30/09/2023

AA

Соработката во одбраната може да биде позитивен пример како да се развиваат односите меѓу двете држави, истакна министерката за одбрана, Славјанка Петровска на средбата со бугарскиот колега Тодор Тагарев, во пресрет на средбата во Ново Село со македонскиот контингент во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија.

Како што информираа од Министерството за одбрана, министерката Петровска разговараше со министерот за одбрана на Бугарија, Тодор Тагарев по што истакна дека соработката помеѓу Северна Македонија и Бугарија е исклучително значајна и дека е на ниво кое доликува на две сојузнички земји во НАТО.

– Денеска со мојот колега Тагарев заедно ќе ги посетиме нашите мултинационални сили што се стационирани овде во Бугарија и се дел од зајакнатото присуство на НАТО Алијансата на целата своја територија. Мене ми е задоволство што и минатата година имав можност за прв пат да ја посетам и официјално Бугарија меѓутоа и сега при оваа моја посета ќе констатирам дека соработката во одбраната помеѓу двете земји е исклучително значајна и се одвива онака како што им доликува на две земји кои што се членки на НАТО алијансата, рече Петровска.

Додаде дека тема на разговорот ќе бидат начините како дополнително да се развие соработката, при што порача дека „таа како и досега и во иднина ќе преставува позитивен пример за тоа како да се развиваат односите помеѓу нашите две држави“.

Министерот Тагарев порача дека односите во одбраната помеѓу двете земји се многу добри и дека високо го цени придонесот на Северна Македонија во мултинационалните сили на НАТО во Бугарија. Додаде дека односите во одбраната се на високо ниво и дека ќе работи на нивен развој и во иднина.

Учеството на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во рамките на НАТО силите во Бугарија е врз основа на одлуките на Владата на Република Северна Македонија. Нашиот придонес во силите во Бугарија започна во ноември 2022 со испраќање на еден вод и еден штабен офицер каде заедно со припадниците на вооружените сојузнички сили се составен дел од колективниот систем за одвраќање и одбрана. Македонскиот контингент во мултинационалните сили во Бугарија е во големина на еден вод. Во овие сили има над 1 000 припадници од сојузниците Северна Македонија, Бугарија, Албанија, Грција, Црна Гора, Турција и САД, под водство на Италија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кривична пријава против седум лица за измама поврзана со сообраќајна

24/02/2026
Македонија

Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000

24/02/2026
Македонија

ЗА ОКОЛУ 200 ЕВРА ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА

24/02/2026
Македонија

ФОТО Затворен патот кон Теферич поради оштетување

24/02/2026
Македонија

Димитријевиќ: Одредувањето куќен притвор за Груби е потврда дека сè

24/02/2026
Македонија

Во Струга е приведен неготинец осуден на 4,5 години казна

24/02/2026
Македонија

Хуманоста покажана повторно на дело: Хотел „Фламинго“ Казино ја реализираше

24/02/2026
Македонија

ЈАВНОСТА БУРНО РЕАГИРА ЗА КУЌНИОТ ПРИТВОР НА ГРУБИ, ОЈО ОДГОВАРА

24/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41855
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кривична пријава против седум лица за измама поврзана со сообраќајна незгода во Тетово

24/02/2026

СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б.(20) од с.Горна Речица, Н.М.(66) од с.Мала Речица, И.И.(51) од Тетово, А.Р.(58) од Тетово,

Платите на функционерите ќе се скратат од 10.000 до 13.000 денари: ВМРО-ДПМНЕ поднесе законски измени,

24/02/2026

Платите на избраните и именуваните функционери ќе претрпат значително намалување од 10 до 13 илјади денари, а кај одредени позиции

ЗА ОКОЛУ 200 ЕВРА ЌЕ ИМ СЕ НАМАЛАТ ПЛАТИТЕ НА ФУНКЦИОНЕРИТЕ Измените ќе важат од

24/02/2026

Група пратеници во Собранието поднесе предлог-измени на шест закони со кои се регулира прашањето на платите на избраните и на

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy