ПЕТМИНА ГО СИЛУВАА ДЕВОЈЧЕТО СРЕДЕ ПРИШТИНА, НО СУДОТ ГО ОТФРЛИ ОБВИНЕНИЕТО: Силувачите ќе шетаат слободно зради срамната одлука на Исуфи
Судот во Приштина, Одделот за малолетници, го отфрли
обвинителниот акт против пет лица кои, според Обвинителството, наводно биле
вмешани во силување на 11-годишно девојче. За
овој случај на 27 август лани е
уапсен Е.Р. и Ш.К., како и 3 малолетни лица.
Веста за обвинението за KALLXO.com ја потврдиле сигурни извори од Судот во Приштина. Во врска со ова KALLXO.com го контактирал судијата на случајот Аднан Исуфи,
кој на новинарите им предложил да се испратат прашања до Судот.
„Можете ли да ми испратите писмо, ќе испратам прашања до
портпаролката на Судот бидејќи овде во нашето одделение предметите се
затворени, па целата комуникација мора да се врши преку портпаролка“- изјавил судијата Аднан Исуфи.
Во парк во главниот град на Косово додека се шетала 11-годишно девојче било сопрено, а потоа
и сексуално злоупотребено од неколку лица. Ова
е опишано во досието на Обвинителството кое го обезбеди KALLXO.com.
Девојчето било
силувано цели седум часа, а овој случај ја згрози целата балканска јавност.
Протести имаше и во Приштина и во Скопје, но, сега како што пишуваат медиумите
во регионот, судот донесе срамна одлука.
Во одлуката се
наведува дека судот при разгледување на обвинителниот акт е ограничен да не го
прејудицира завршувањето на кривичната постапка.
– Иако судењето
се уште не е започнато, судот не може да оцени дали фактичката состојба е целосно
докажана и несомнено врз основа на доказите, бидејќи со тоа целосно ќе се
наштети на завршувањето на судењето – се наведува во одлуката.
Се додава дека
обвинителниот акт или предлогот во наведените точки не е доволно јасен,
збунувачки, а фактичкиот опис јасно не соодветствува со правната квалификација
на кривичните дела и дека е неприфатливо да се подигне обвинителен акт заради
го испита случајот во текот на судскиот процес. Според судијата Исуфи, има
десетици пресуди кои се укинати, а постапките се вратени на почеток, бидејќи не
биле раздвоени инкриминираните дејствија на обвинетите.
Обвинителството
смета дека судот ја помешал истражната фаза со постапката за изведување докази,
додавајќи дека ваквите пресуди на судиите се целосно погрешни, неприфатливи и
штетни.
Во претставката
се наведува и дека судијата без никаква правна основа одлучил да не му даде
можност на обвинителството да ги презентира резултатите од неколкумесечните
истраги пред него.