Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока криза во општеството и губење на надежта кај дел од граѓаните
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока криза во општеството и губење на надежта кај дел од граѓаните

12/04/2026

AA

Митрополитот Преспанско-Пелагониски Петар објави велигденско послание до верниците:

Возљубени чеда на Христовата Светлина!

Денес каменот е оттурнат не само од Гробот Господов, туку и од срцата човечки. Денес тишината на смртта е разбиена од громогласниот повик на Животот. Денес, во оваа света ноќ, кога смртта и Животот се среќаваат во Новиот Ерусалимски Гроб, кога Рајот се отвора и ја прима Божјата светлина, ние стоиме пред тајната на Вечниот Живот.

Христос веќе не е во гробот! Он воскресна! Зар не гледаш дека, таму каде што мирисаше на распаѓање, сега мириса на нетление? Зар не слушаш дека таму каде што плачеа мироносиците, сега се разлева радосниот глас: „Не е овде, воскресна!“ И кој може сега да очајува кога Гробот е празен?! Кој може да не се радува кога смртта е победена?! Кој може да не се насладува  на овој Господов дар, дарот на воскресение и живот вечен?!

Најголем е овој ден, браќа и сестри, Велик е овој ден, Велигден è! Зашто Бог не го остави човекот во власта на темнината и безнадежноста, туку му даде вечна светлина, вечно живо Евангелие, коешто не може да се изгасне.

Возљубени наследници на Христовиот мир!

Воскресението Христово не е само спомен, ниту само настан од минатото; тоа е оган што гори во сегашноста и светилник што го осветлува патот кон вечноста. Христос не воскресна за Себе, туку за нас; не за да нè восхити со чудо, туку за да нè ослободи од гревот, смртта и адот. Гревот, тој невидлив оков, беше скршен; смртта, тој древен тиранин, беше симната од престолот; адот, таа мрачна бездна, беше исполнета од Христа Светлината.

Воскреснатиот Господ им се јави на Своите ученици со зборовите: „Мир вам!“ Тој мир не е мир на овој свет, туку мир што извира од победата над смртта, од надежта во слаткиот Рај, од дарот на Животот Вечен. Тоа е мир што не можат да го срушат никакви војни, ниту е мир што можат да го донесат разни светски организации. Тоа е мир што доаѓа од длабочината на богољубивото човечко срце и од живата и непоколеблива вера во Христа Воскреснатиот.

Заради таквиот мир, денес Црквата ликува како невеста украсена за својот Жених. Денес, секој храм е сведоштво дека гробот не е последната станица; секоја запалена свеќа е симбол дека темнината нема власт над светлината. Заради дарот на тој мир, денес секое човечко срце е опсипано со надземска радост.

Возљубени во Победителот на смртта и Воскреснатиот!

Првиот човек, следејќи ја својата слободна волја – згреши; и со гревот ја отвори вратата на смртта. Во рајот не падна само еден човек, туку падна целото човештво во него. Адам не згреши како поединец, туку како корен; и кога коренот се отру, отровот потече низ сите гранки.

Гревот не беше само престап на Божјата заповед, туку прекин на заедницата со Бога. Човекот се отргна од Изворот на животот, и затоа животот во него почна да се суши. Така, смртта не дојде како казна за непослушноста, туку како природна последица на одвоеноста од Оној Кој е Живот по природа.

И немаше спас за човекот од самиот човек. Пророците пророкуваа, Законот поучуваше, жртви се принесуваа… но, раната остануваше. Човечката природа беше неповратно падната. И Кој ќе ја подигне таквата падната природа? Кој ќе ја победи смртта, кога сите беа под нејзина власт?

Затоа дојде Вториот Адам – Христос. Он го прими нашето тело за да ја исцели нашата природа. Влезе во истата борба во која падна првиот Адам – но остана  послушен до смрт. Пострада, за да го земе врз Себе бремето на гревот. Умре, за да влезе таму каде што човекот беше заробен. Но смртта, која ги држеше сите, не можеше да Го задржи Животодавецот. Како што темнината не може да ја проголта светлината, така ни распадливоста не можеше да Го задржи Нетлениот. Таа Го прими како човек и беше поразена од Него како Бог.

Христос Воскресна за да ја победи смртта одвнатре. Он не ја уништи како одмаздољубив, лут непријател, туку влезе во неа како Лекар во болница. Слезе во адот не како заробеник, туку како Цар. Со Својата душа ја осветли темнината, а со Своето тело ја разруши распадливоста. Смртта Го проголта како човек, но таа беше проголтана од Него како Бог.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од

12/04/2026
Македонија

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче

12/04/2026
Македонија

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто

12/04/2026
Македонија

ПЕТАР: Случајот со Ивана и Катја е аларм за длабока

12/04/2026
Македонија

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ТИКВЕШИЈАТА Пријавени напади од сопруг и од

12/04/2026
Македонија

Тројца мажи од Македонска Каменица приведени, пијани се испотепале во

12/04/2026
Македонија

Тракторист од Стиник тешко повреден при работа во пластеник во

12/04/2026
Македонија

СО МЕЃУСЕБНА ПОЧИТ ДА ЈА ГРАДИМЕ ДРЖАВАТА КАКВА ШТО ЈА

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42407
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Уапсено уште едно лице откако полиција пронашла повредено куче од борби во Камењане

12/04/2026

На 11.04.2026 во 15:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане, во атарот на с. Камењане на местото викано „Бунариште“,

РАЗОТКРИЕН СЛУЧАЈ СО БОРБИ СО КУЧИЊА ВО ТЕТОВСКО Нашле куче во „голф“, уапсени тројца, па

12/04/2026

Маж од село Камењане е лишен од слобода поради сомнение за вмешаност во борби со кучиња. Претходно, на локалниот пат

Малолетник со нож повредил друг малолетник пред игротека во Шуто Оризари па се пријавил во

12/04/2026

На 12.04.2026 во 01:20 часот во Полициска станица Шуто Оризари, сам се пријави малолетник од Шуто Оризари, кој на 11.04.2026

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy