
Пет работници загинаа, а девет се повредени во несреќа во рудник за јаглен во северозападна Кина
Пет работници загинаа, а девет се повредени во несреќа во рудник за јаглен во Ланжу, главниот град на северозападната кинеска провинција Гансу, соопштија денеска локалните власти.
Несреќата се случила во неделата додека работниците биле на платформа за ископ во рудник за јаглен.
На повредените им била укажана итна медицинска помош, јави Синхуа.