Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пет приведени за семејно насилство во последното деноноќие
Македонија

Пет приведени за семејно насилство во последното деноноќие

09/04/2026

AA

Денеска (09.04.2026) во 01:00 часот во Свети Николе, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода Д.В.(46) од село во општина Чашка, постапувајќи по претходна пријава дека на 08.04.2026 околу 23:45 часот во домот на неговата 45-годишна партнерка од Свети Николе ѝ упатувал закани со остар предмет. Подоцна, тој во Полициската станица Свети Николе упатувал закани и кон полициски службеник кој вршел службени дејствија. За настанот е известен јавен обвинител.

На 08.04.2026 во 23:00 часот, полициски службеници од ОВР Неготино ги лишиле од слобода 50-годишник од неготинско село и неговиот 28-годишен син, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од домот, 28-годишникот со употреба на остар предмет се обидел да го нападне неговиот татко, а тој со дрвен предмет го нападнал синот, кој се здобил со повреди, констатирани во Општа болница Кавадарци. Предметите биле пронајдени и одземени, а тие биле задржани во полициска станица. Известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Неготино.

На 09.04.2026 во 01:00 часот во СВР Скопје, 48-годишен маж пријави дека на 08.04.2026 во домот на подрачјето на Гази Баба, неговата поранешна сопруга А.Ц.К.(45) од Скопје физички ги нападнала нивните две малолетни деца.

На 08.04.2026 во 12:30 часот во СВР Скопје, 26-годишна жена пријави дека на 07.04.2026 во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот невенчан сопруг Ш.С.(23). Со него бил извршен службен разговор во полициска станица.

На 08.04.2026 во 11:05 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Д.И.(34) од Куманово затоа што физички го нападнал неговиот брат, кој бил на неговото работно место.

На 08.04.2026 во 19:40 часот во СВР Куманово, 77 – годишник од Куманово пријавил дека бил физички нападнат од неговиот син М.М. и неговата сопруга Б.М., со која е во бракоразводна постапка.

На 08.04.2026 во 14:50 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Д.К.(49) од Прилеп затоа што во 14:30 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 72-годишна мајка.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Сведочења на рочиштето за „Пулс“: Инспекторката призна пропусти пред трагедијата

09/04/2026
Македонија

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026
Македонија

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

09/04/2026
Македонија

Трактор излетал од патот во Смоквица и паднал во речното

09/04/2026
Македонија

Трагедија во Богданци, загина тракторист!

09/04/2026
Македонија

Костадиновски: Нека бидат спокојни граѓаните никој нема да го чепне

09/04/2026
Македонија

НА МАЈЧИН МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК ДА ОБЈАВИМЕ „ХРИСТОС ВОСКРЕСНА“ Пасхално послание

09/04/2026
Македонија

Пет приведени за семејно насилство во последното деноноќие

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42301
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Сведочења на рочиштето за „Пулс“: Инспекторката призна пропусти пред трагедијата

09/04/2026

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се презентираа нови детали за инспекцискиот надзор врз објектот пред

Син го истепал татка си во Штип!

09/04/2026

СВР Штип поднесе кривична пријава против Ѓ.Б.(35) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна

ОСВЕН БУЧАВАТА, ДИСКОТЕКИТЕ И КАФЕ-БАРОВИТЕ НЕМААТ ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА Инспекторката утврдила дека „Пулс“ работи

09/04/2026

Инспекторка за животна средина во Општина Кочани во 2022 година утврдила дека дискотеката „Пулс“ работи под друго правно лице, но

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy