Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Пет лица уапсени поради возење под дејство на алкохол – двајца предизвикале и сообраќајни несреќи
Македонија

Пет лица уапсени поради возење под дејство на алкохол – двајца предизвикале и сообраќајни несреќи

17/08/2025

AA

На 16.08.2025 во 12:10 часот на улица „Јане Сандански“ во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Е.Л.(55) од Неготино, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „рено“ со неготински регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2,15  промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:30 часот, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај во ОВР Кавадарци го лишија од слобода И.В.(24) од Кавадарци, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта.

На 17.08.2025 околу 00:45 часот на  ул. „Цветан Димов“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода А.С. (49) од Скопје, затоа што при вршење на увид на сообраќајна несреќа во која тој учествувал со патничко возило „форд“ со скопски регистарски таблици, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 3,30 промили алкохол во крвта.  

На 16.08.2025 во 23:25 часот на бул. „Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Г.В.(48) од Куманово, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „форд“ со кумановски регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,70 промили алкохол во крвта.

На 16.08.2025 во 22:15 часот на ул. „Св. Нектариј Битолски“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишија од слобода О.В.(48) од с.Баница, струмичко, затоа што при контрола на патниот сообраќај констатирале дека управувал патничко возило „фиат“ со струмички регистарски таблици, под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,82 промили алкохол во крвта.

По целосно документирање на случаите, против лицата ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за

11/09/2026
Македонија

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД

11/09/2026
Македонија

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над

11/09/2026
Македонија

Поднесена кривична пријава за убиството на 26-годишникот во Скопје, осомничени

11/09/2026
Македонија

Новиот клинички центар ќе биде кај „Борис Трајковски“, се разгледуваат

11/09/2026
Македонија

Савески за „Пулс“: Роковите за притвор мора да се почитуваат,

11/09/2026
Македонија

Во тек е полициска акција: Претреси поради сомнежи за фалсификувани

11/09/2026
Македонија

Мицкоски за укинувањето на пресудата за „Ласкарци“ и Јакимовски: Вие

11/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45643
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Претреси на 32 локации во Скопје, се истражува сомнение за фалсификување исправа

11/09/2026

Претреси на вкупно 32 локации во Скопје се вршат денеска во рамки на полициска акција, информира Основното јавно обвинителство Скопје.

МНР: 25 години од 11 Септември, Македонија стои со САД во борбата против тероризмот

11/09/2026

Дваесет и пет години по терористичките напади од 11 Септември, Македонија им оддава почит на жртвите и на оние кои

МВР со детали за пожарот во Шуто Оризари: Опожарени над 20 дуќани со текстилна и

11/09/2026

На 11.09.2026 околу 03:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во трговски центар на подрачјето на Шуто Оризари, биле опожарени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy